Снимка од теретана со 60 милиони прегледи,цел свет се смее(ВИДЕО) - Канал 5

Снимка од теретана со 60 милиони прегледи,цел свет се смее(ВИДЕО)

Видео од теретана стана вирално на социјалните мрежи поради девојката чиј ,,ветер” избега среде истегнување.

Снимка од теретана со 60 милиони прегледи,цел свет се смее(ВИДЕО)

Личниот тренер Карлос Марвила и помагал на клиентката да се истегне, но во еден момент таа испуштила гас и сите прснале во смеа. „Мала несреќа“, напиша Марвила покрај видеото на ТикТок, кое веќе го прегледаа повеќе од 60 милиони луѓе.

@treinadorkaka

Little accident 😂😂.. @cecilliasiqueira @kerol_freitas 😂😂##tiktokfamous ##viral ##funny

♬ make my original the most famous - Baylee Steele

Сесилија Сикеира на својот Инстаграм сподели и видео од локалната спортска сала на плажата Помпану, Флорида, каде стекна бројни нови следбеници откако стана вирална и сега има повеќе од 22.000.

„Сега знаеме дека и девојчињата го прават тоа“, се шегуваа некои под снимката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.

Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија..

ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава..

Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната.

Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница.

Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Најмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата.

Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините.

Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер