Снимка ја разбесни Шведска: Мигрант турна бабичка по скали, ја ограби и си замина (ВИДЕО)

Мигрант од Сирија, кој побарал азил во Шведска, ќе биде депортиран откако било откриено дека турнал 91-годишна бабичка по скали, а потоа ја ограбил.

Карам Кањо (26) е снимен како напаѓа и ограбува несреќна бабичка, која отишла да го посети гробот на нејзиниот сопруг. Нападот се случил на 29 август годинава, објави Дејли Меил.

Тој ја нападнал жртвата во близина на станицата Солентуна, десетина километри северозападно од Стокхолм. Бабата се обидела да се спротивстави и го фатила, па заедно се тркалале по скалите. Карам потоа ѝ го скинал ланчето од вратот на старицата и ѝ нанел бројни повреди. На видеото се гледа како минувачите бегале во страв, а крадецот мирно си заминал откако го скинал ланчето.

На помош на бабата дошле двајца минувачи. Бабата додека давала изјава во полиција рекла дека крадец ѝ ги украл ланчињата кои ги добила на подарок пред повеќе од 40 години. Таа исто така истакнала дека во својот живот од девет децении никогаш не почувствувала вакво насилство и дека била преплашена.

Како што е соопштено, Карам пристигнал во Шведска во 2015 година, а денеска бил осуден на пет и пол години затвор и му е наредено да биде депортиран во Сирија. Исто така, треба да плати и отштета од околу 7.000 евра.

Медиумите јавуваат дека Карам Кањо е осуден силувач, кој извршил најмалку 19 кривични дела пред да пристигне во Шведска во 2015 година.

Тој претходно бил осуден на две и пол години затвор за силување жена во 2021 година, но бил ослободен една година пред да му истече казната.

По депортацијата, Карам ќе добие доживотна забрана за враќање во Шведска. Кањо ја обжалил одлуката на судот да го депортираат, но официјалните лица кои одлучуваат за азил наведуваат дека тој „не воспоставил контакт со Шведска“ во сите овие години.

„Живее во лоши социјални услови, нема сопствено сместување, ниту работа“, рекле пред судот.

Карам на судењето рече дека доколку биде депортиран ќе биде подложен на тортура и нехумано постапување дома.

Трамп за Сирија: Ова не е наша битка, немојте да се мешате

 Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.

„Сирија е во хаос, но тоа не е наша битка, и САД НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИШТО СО ТОА. ОВА НЕ Е НАША БОРБА. НЕКА СЕ ОДВИВА. НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ!“, напиша Трамп во својата изјава.

Тој посочи дека Русија, која е ангажирана со војната што ја води во Украина, каде изгуби над 600.000 војници, се чини неспособна да го запре овој марш низ Сирија, земја која ја штитеа со години. /МИА

Три лица загинаа во експлозија во зграда во Хаг

 Најмалку три лица загинаа, а три се повредени во експлозија што се случи денеска во трикатна зграда во холандскиот град Хаг.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на зградата и голем пожар. Според изјавата на противпожарната служба на Хаг, инцидентот се случил во 6:15 часот по локално време, предизвикувајќи значителна штета и пожар.

Градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, изјави дека од урнатините се извлечени тела на три жртви, а три лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба. Под урнатините се очекува да има уште луѓе. Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата за преживеани и во текот на ноќта.

Заради безбедност, властите евакуирале околу 40 околни станови. Иако причината за експлозијата сè уште не е утврдена, полицијата повика сите што имаат информации за возило што побегнало од местото веднаш по експлозијата, да се јават. /МИА

Ново осветлување на патот од село Марена кон село Сопот

Ново осветлување е поставено на патот од село Марена кон село Сопот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување. Осветлување на улицата „Гоце Делчев’’ во село Марена, од спој со улица ,,Маршал Тито" до мост на река Луда Мара (пат кон село Сопот). Поставени се 23 лед светилки на 21 столб со висина од пет метри (19 столбови, светилки 20W ) и осум метри (2 столбови, светилки 60W). Ова е втор дел од осветлување на село Марена и е дел од тендерот од 65 милиони денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа континуирано и рамномерно вложува во сите урбани и рурални средини во кавадаречка општина.

притисни ентер