Снимено е животно старо 200 милиони години, научниците мислеле дека е изумрено (ВИДЕО) - Канал 5

Снимено е животно старо 200 милиони години, научниците мислеле дека е изумрено (ВИДЕО)

Научната заедница останала без зборови по неверојатното откритие, кое е снимено во Индонезија во 2023 година.

Снимено е животно старо 200 милиони години, научниците мислеле дека е изумрено (ВИДЕО)

Камера оставена да следи шумска патека снимила животински вид, чие потекло датира од времето на диносаурусите, најмалку 200 милиони години, и за кој се верувало дека е одамна изумрен.

Момент за историја

Досега, единствениот доказ за неговото постоење (барем во последните шест децении) беше зачуван примерок во музеј, кој датира од поран период, објавува Yahoo.News.

На црно-белата снимка, гледаме суштество со долг клун и тело покриено со крзно, а за биолозите и истражувачите, овој момент беше историја - бидејќи беше докажано дека видот сепак не исчезнал од лицето на Земјата.

Експедицијата во Индонезија ја водеше тим од Универзитетот Оксфорд, а најголемото изненадување дојде веднаш на крајот од нивното патување.

Снимка од последната карта

„Бев еуфоричен, целиот тим беше еуфоричен“, рече биологот Џејмс Кемптон. „Не претерувам кога велам дека снимката ја најдовме на последната SD картичка што ја погледнавме, од последната камера што ја зедовме, на последниот ден од експедицијата.“

Напуштената камера ја снимила долгоклуновата ехидна (zaglossus attenboroughi) на Дејвид, вид еж именуван по Сер Дејвид Атенборо, британски новинар и натуралист најпознат по телевизиската серија „Планета Земја“.

Откритието ја збогати науката

Ова животно е едно од само четирите видови ехидна, а она што е особено фасцинантно е што е еден од ретките цицачи што положуваат јајца!

Покрај откривањето на долгоклуновата ехидна, за време на експедицијата беа пронајдени и нови видови инсекти и жаби, што дополнително ја нагласи важноста на зачувувањето на светското наследство на биодиверзитетот.

Откритието на „изгубената ехидна“ не само што ја збогати науката, туку и го потсети светот колку е важно да се заштити она што природата сè уште не ни го открила целосно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од опозициската СДСМ, а разликата е уште поизразена кај нивните лидери, Христијан Мицкоски и Венко Филипче. 

Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ

Ваква слика за партиските рејтинзи покажува последната анкета објавена од порталот МКД.мк.

Според истражувањето, на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 проценти од испитаниците, наспроти 5,6 проценти за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН имаат изедначена поддршка од по 4,2 проценти, Левица четири, а ЗНАМ еден процент.

Но, анкетата покажува и висок процент граѓани без јасна определба за учество на изборите. Дури 41 процент од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе излезат или не сакаат да одговорат на прашањето.

Значителна разлика има и во довербата кон партиските лидери. Христијан Мицкоски има поддршка од 20,4 проценти, додека Венко Филипче од 3,8 отсто. Следуваат Али Ахмети со 3,7 проценти, Димитар Апасиев со 3,4 и Изет Меџити со 2,6 проценти.

Истовремено, дури 44,1 процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден политички лидер, додека 12,5 проценти не сакале да одговорат на прашањето.

Од опозициската СДСМ го оспоруваат толкувањето за убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека споредбата со изборните резултати покажува пад на поддршката за владејачката партија.

-Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во анкетата изнесува 19,3 проценти. СДСМ ја спореди таа бројка со околу 32 проценти на изборите и оцени дека власта губи доверба.Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката, порачаа од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, пак, коментирајќи ги ниските рејтинзи на опозициските партии, оцени дека тоа е лоша вест за политичарите кои, како што рече, водат политика со лаги, клевети и измислици. Според него, таквите партии ќе продолжат да ја губат поддршката од граѓаните.

„Граѓаните се свесни за перфомансите на денешната наша опозиција. И оние кои што од страна седат и само клеветат без бритоа да понудат малку помош да понудат катастрофално завршува. И оние коишто имаа 7 години можност а ја ограбија и ја уништија државата и сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да лажат, да клеветат итн. И тие ќе продолжат да тонат до конешно дефакторизирање од политичката сцена – изјави – Христијан Мицкоски – премиер на Македонија.

Инаку, анкетата е спроведена за порталот МКД.мк од агенцијата „Маркет вижн“, во периодот од 11 до 27 септември, преку телефонско анкетирање на 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно пописот од 2021 година. Статистичката грешка изнесува три проценти, со интервал на доверба од 95 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат

Дијалогот со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите ќе продолжи, и покрај тоа што немаше успех од првата средба меѓу шефовите на дипломатиите, најавува премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат

Излезот од блокадата тој го гледа преку разговор, иако не сакаше да прецизира дали има иницијатива за нова средба со соседите до декемврискиот самит на ЕУ. За досегашниот тек на преговорите премиерот вели дека се запознаени и меѓународните партнери.

„ Јас се радувам што тој дијалог почна, се радувам што за дијалогот се запознаени нашите партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Решението за спорот меѓу Македонија и Бугарија е во директно учество на Европската Унија, оценува поранешниот грчки премиер и министер за надворешни работи Јоргос Папандреу во интервју за МРТ. Тој вели дека е вистинска трагедија процесот да трае волку долго и смета дека ЕУ треба активо да се вклучи и за Македонија и за другите балкански земји кои долги години стојат во место, во спротивно смета дека овие процеси може да станат внатрешни проблеми на унијата.

Инаку, средбата Муцунски-Чамова во четвртокот поминала во конструктивна атмосфера, но без решение за суштинските прашања. И јавно беа повторени веќе познатите пораки од официјална Софија - дека очекуваат да се исполнат преземените обврски од 2022 година, меѓу кои и промена на Уставот. Покрај ова, шефицата на бугарската дипломатија соопшти дека тие се и категотично против уставни измени со одложено дејство, но и против идејата на Брисел за воведување на квалификувано мнозинство за одлучување за земјите – кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нападнат клучен руски нафтен центар

Украинските сили нападнаа клучен руски нафтен центар кратко откако Доналд Трамп ги изненади сите со склучување голем договор за увоз на дизел со Владимир Путин.

Нападнат клучен руски нафтен центар

Веднаш по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, руските сили започнаа нов напад врз цивили кои спиеле во Запорожје. Загинаа најмалку седум лица – меѓу кои и три девојчиња – десет беа повредени, а 16 се водат како исчезнати. Со ова, вкупниот број на цивилни жртви од руските напади во изминатите три дена достигна речиси 90, пренесува „Дејли мејл“.

Договорот за дизел меѓу Трамп и Путин го шокираше Киев, а украинскиот лидер го обвини американскиот претседател за „слабост“ и за попуштање пред Москва.

Од друга страна, како што пренесува информативниот портал „Аксиос“, Трамп му замерил на Зеленски што ги игнорирал дури шесте негови барања за запирање на нападите врз руските рафинерии – напади што предизвикувале раст на цените на горивото во САД пред изборите за конгресот.

Дополнителен притисок дојде од советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, кој изјави дека едноиполчасовниот разговор меѓу Трамп и Путин бил толку срдечен што „ниту едната страна не сакала прва да ја прекине врската“. Самиот Трамп навести дека е подготвен да продолжи со комуникацијата со рускиот претседател во текот на ноќта, па и следниот ден, пренесува „Дејли мејл“.,,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер