Снимено е убиство на милијардер среде улица, никој не му помага (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Снимено е убиство на милијардер среде улица, никој не му помага (Вознемирувачко видео)

Надзорните камери ги снимиле последните моменти на основачот на апликацијата Кеш, Боб Ли (43), кој бил брутално избоден во Сан Франциско и оставен да умре.

Снимено е убиство на милијардер среде улица, никој не му помага (Вознемирувачко видео)

На видеото се гледа како таткото на две деца очајно се фаќа за раните и ги моли минувачите за помош - во еден момент тој очајно се обидувал да ги запре автомобилите, но тие само со полна брзина поминале покрај него, игнорирајќи го. Како што пишува Дејли Мејл, Боб бил избоден повеќе пати во градите во вторникот вечерта во градскиот кварт Ринкон Хил, каде што бил на работа.

Ова брутално убиство во изборната единица на поранешната претседателка на Претставничкиот дом и демократ Ненси Пелоси предизвика загриженост за недостаток на јавна безбедност и зголемениот број бездомници во Сан Франциско. Убиениот Ли некогаш живеел во тој град, но се преселил токму поради зголемениот криминал на улиците.

Вознемирувачкото видео покажува како крвавиот и замаен Боб се тетерави по главната улица, а потоа се тетерави кон станбената зграда во Портсајд на главната улица 403, каде што паѓа на земја. Лежи неподвижен неколку моменти, но некако успева да клекне и да го грабне мобилниот телефон. Кога автомобилот поминува покрај него, Ли му мавта да застане, но возачот само продолжува.

Според извештајот на Сан Франциско Стандард, Ли се јавил на 911 околу 2:35 часот и извикал: „Помош. Некој ме избоде“.

„Жртвата беше пренесена во локална болница со повреди опасни по живот. И покрај напорите на итните служби и медицинскиот персонал, мажот им подлегна на повредите“, соопшти полицискиот оддел во Сан Франциско (SFPD).

На блискиот паркинг наводно бил пронајден кујнски нож со сечило од 3,6 сантиметри, но полицијата се уште не ги уапсила напаѓачите. Шефот на SFPD Бил Скот одбил да го открие мотивот за нападот и не сакал да каже дали жртвата била цел или случајно избрана. Оваа година во Сан Франциско се случиле 39 убиства, а на полициските сили во градот моментално им недостигаат 541 полицаец.

Извршниот директор на Твитер и Тесла, Илон Маск, твитна по убиството на Ли: „Многу луѓе што ги познавам биле жестоко нападнати. Насилните злосторства во Сан Франциско се ужасни, па дури и ако напаѓачите бидат фатени, тие често се ослободуваат веднаш“.

А жителите на тој град се жалат дека криминалците веднаш се враќаат на улица. „Ниту таму не можеме ништо. Се разбира дека се плашиме“, велат тие. Ли, кој беше убиен, ја напушти областа Сан Франциско пред шест месеци и се пресели во Мајами, но се вратил во градот за да работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер