3 Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
ЗабаваСнимена третата верзија на Вечниот Бог со Гиговска, Алабаковски и „Златно славејче“Третата верзија на „Вечниот Бог" со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче - е снимена! Инструменти, вокали, хорче - мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана! За доживувањата во студио ќе Ви раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот. Каква божикна приказна скрои генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе видите за само неколку дена. Наближуваат Бадник и Божик, нашите обврски, но и радоста се множат! Низ цела наша држава, во 50 градови и населени места во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6-ти Јануари ќе чекорат низ улиците на Скопје, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебрца, Враништа, Ростуше, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево и Бардовци. Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда. Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера во која е претставен целиот настан на Божик. Во текот на овој подготвителен период, се поставуваат и божикните пештери и подготвуваат малите божикни концерти што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во Републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5-ти Јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците. Со најголема благодарност за Вашата медиумска поддршка, срдечен поздрав! Бадникови поворки Здружение за возобновување на православни традицииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училиштаОбилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк. Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих. Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај. 🇹🇷 De violentes inondations soudaines ont frappé Istanbul, en Turquie, emportant des véhicules et submergeant les transports en commun https://t.co/SfeVIyGZ31 — Press TV Français (@fr_presstv) October 15, 2026 Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата. Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила. Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум. İstanbulda yağan güclü leysan nəticəsində küçələri su basıb. #İstanbul #leysan #oxuaz https://t.co/ep0LovPVNG — Oxu.Az (@oxuaz) October 15, 2026 Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар. Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри. Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот. Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирењеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период. „Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче. Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност. „ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски. „Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМицкоски на потпишување договор за нова инвестицијаПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook