Снимена е неверојатна појава на врвот на Кепсовата пирамида, никој нема објаснување (ВИДЕО) - Канал 5

Снимена е неверојатна појава на врвот на Кепсовата пирамида, никој нема објаснување (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи необично видео од Кеопсовата пирамида, најголемата и најстарата од трите пирамиди во близина на Гиза, а воедно и најголемата во светот.

Снимена е неверојатна појава на врвот на Кепсовата пирамида, никој нема објаснување (ВИДЕО)

Снимен е од авантуристот Алекс Ланг, кој решил да ја „заобиколи“ древната градба со параглајдер.

Ланг се искачил над пирамидата на 14 октомври, а кога се приближил до врвот не можел да им верува на своите очи. Видел куче како талка по камените блокови.

„Тој лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рече тој подоцна.

Корисниците на социјалните мрежи останаа запрепастени, а бројни светски медиуми ја пренесоа необичната приказна.

Пирамидата во Гиза е висока 138 метри и е направена од големи блокови варовник, базалт и гранит, па многумина се обиделе да разберат како животното се искачило на врвот.

„Тоа е неверојатно искачување! Сосема лудо“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Мора да му требаше многу време“.

Многумина се пошегуваа со приказната, пренесува Daily Mail.

„Тоа е сега неговата пирамида“, „О, цел Египет е негов“, „Не е куче, туку Анубис (бог на подземјето, балсамирање и задгробен живот)“, гласат дел од коментарите.

Останува нејасно како животното се искачило на врвот, колку долго било таму и уште поважно - како се спуштило. Видеото на Алекс Ланг не го открива тоа.

Искачувањето на Кеопсовата пирамида или било која друга во Египет е забрането со закон. Поради оваа причина, многу туристи избираат да го видат од параглајдер.

Камените блокови од кои е изграден тежеле од два до четири тони (во просек 2,5, максимум 7,5),

Тоа е гробницата на фараонот од четвртата египетска династија Кеопс и заедно со пирамидите Кефрен и Микерин е единственото сочувано древно чудо на светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Минималната кошничка речиси 90.000 денари - власта има за авион и DJ, но нема за работникот!

Сојузот на синдикати ја направи септемвриската пресметка: синдикална минимална кошничка е скоро 90.000 денари. 

СДСМ: Минималната кошничка речиси 90.000 денари - власта има за авион и DJ, но нема за работникот!

За еден месец порасна околу 800 денари. Храната и пијалоците се околу 25.000.

Со кирија за стан од 60 квадрати - близу 90.000.

Студент што изнајмува стан во град, со сметки и превоз, често не го затвора месецот ни со 95.000.

Просечната плата не ја покрива кошницата. Минималната е далеку под животниот стандард.

Пензионерот живее уште потешко. Линеарните илјада денари не се никаква политика.

Тие се понижување.

Земјоделецот плаќа поскапо гориво, машини и ѓубриво, додека продава поевтино.

Субвенциите пресечени и намалени за 40 милиони евра. Зелената нафта доцни. Откупот е понижувачки. Помошта од Унијата стои затоа што Мицкоски ги затна реформите и го забави патот кон ЕУ.

Доаѓа зима. Сметките за струја и греење уште не стигнале. Ќе стигнат.

Ова не е судбина. Ова е резултат.

СДСМ бараше мерки на почеток на кризата: акциза на гориво да се укине, ДДВ на енергенси да се намали на 5 проценти, а минималната плата да изнесува 600 евра.

Во време на најголемата криза со короната, почетокот на војната во Украина и големата енергетска криза, СДСМ даде над 2 милијарди помош за населението. Оваа екипа, со Мицкоски на чело, не даде ништо.

Не прифатија ништо. Горивото го пуштија да порасне до плафон. Со него порасна и лебот, превозот, нивата, киријата. Сега продаваат статистика. Статистиката не полни фрижидер.

Има за авион. Има за мебел. Има за луксуз. Нема за работникот.

Човек што носи еден часовник од колекцијата од 60.000 евра и одело од пет или десет илјади, остава народот да гладува. 5,53 милиони за Дејвид Гета. 1,6 милиони да ја делат опозицијата. Провизија има. Плата нема.

Собранието да го усвои предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра. Не како подарок. Како праг под кој државата не смее да дозволи граѓанинот да заработува.

Без тоа оваа есен нема „стабилност“. Туку пресметка на организираната криминална група врз кошницата.

Арамијата живее над неа. Народот во неа.

Скопје, 21.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АФД извојува уште една голема изборна победа во Германија, ЦДУ на Мерц мина катастрофално

Левицата го освои Берлин, додека Алтернатива за Германија  победи во Мекленбург-Западна Померанија, а ЦДУ претрпе големи загуби на двата избори.

АФД извојува уште една голема изборна победа во Германија, ЦДУ на Мерц мина катастрофално

Последните покраински избори во Германија за оваа година донесоа остри политички пресврти.

Левицата го освои Берлин, додека Алтернатива за Германија победи во Мекленбург-Западна Померанија, а ЦДУ претрпе големи загуби на двата избори.

Резултатот значи дека претходната коалиција на ЦДУ-СПД во главниот град повеќе нема мнозинство. ЦДУ го бележи својот најлош резултат во историјата на покраината со само 4,9%, Алтернатива за Германија е новата народна партија во државата, изјави копретседателката на оваа крајнодесничарска партија, Алис Вајдел, по покраинските избори во Берлин и Мекленбург-западна Померанија.

Канцеларот Фридрих Мерц го нарече „слаб“ и побара негова оставка.според анкетата објавена од германскиот јавен сервис АРД, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, АФД повторно се позиционира како најубедлива политичка опција со 37 отсто поддршка, додека ЦДУ останува на 5,5 отсто и паѓа на петтата политичка позиција.

Во Берлин, изборната сцена е сосема поинаква.

Во главниот град и еден од најнаселените градови-држави во земјата, левичарската партија го зазема првото место со 25,3 отсто, по што следуваат ЦДУ со 19,1 отсто, АФД со 16,2 отсто, канцеларот Фридрих Мерц рече дека нема начин да се ублажи “ резултатот на ЦДУ во Мекленбург-Западна Померанија.

„Тоа е катастрофа“, рече лидерот на ЦДУ во изјава во седиштето на партијата во Берлин. Тој рече дека неговата партија е „исцедена“ бидејќи натпреварот се стесни на битка меѓу Социјалдемократската партија и Алтернатива за Германија.

Тој заврши со предупредување за „авторитарниот отров“ за кој рече дека сè повеќе наоѓа пат во општеството преку „фасцинацијата со авторитаризмот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Какви цени на горивата ќе испорача РКЕ денеска?

Регулаторната комисија за енергетика попладнево ќе ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Какви цени на горивата ќе испорача РКЕ денеска?

Со оглед на тоа што цените на нафтата на берзите, во текот на измината недела беа над 100 долари за барел, останува неизвесно каква корекција на цените ќе има денеска.

Минатата недела бензините поскапеа за 3 и пол, а дизелот поевтини за два денари за литар.

Бензинот БС-95 во моментов се продава 100,5 денари, 98-цата за 102,5 денари, а дизелот за 99 денари за литар.

Во последните цени, освен намалената акциза, е вкалкулирана и новата владина интервенција со која ДДВ-то за дизелот привремено се намалува од 18 на 10 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер