ТехнологијаСнимен спектакуларен метеорит над Средозменото Море (ВИДЕО)Темното ноќно небо над Средозменотот море било толку осветлено од метеоритот , што изгледало како да е ден.Корисникот на Твитер , Клаудио Порку , во петокот ноќта на брегот на италијанскиот остров Сардинија забележал пад на метеорит што за момент целосно го осветлил ноќното небо. Порку објави на Твитер видео , снимено од енговиот автомобил во траење од 13 секунди. Scia luminosa ripresa dalla dashcam verso Torregrande: spettacolo! #meteorite #meteora #Sardegna pic.twitter.com/LPKToQCM2m — Claudio Porcu (@ClaudioPorcu) August 16, 2019 Продорот на метеоритот во атмосферата на Земјата го забележа и астрономското друштво од Ибица , од каде снимката ја објавија на Твитер. SUPERBÓLIDO captado desde el OPM estación este. Ayer día 16 a las 22:36 hora local. Emocionados por poder compartirlo.#AAE #SPMN pic.twitter.com/0NkvgsGI0r — AAE (@IbizaAstronomia) August 17, 2019 Каталонската агенција за јавна безбедност извести дека во тој период примиле 55 повици на дежурниот број 112 , кои се однесувале на ,,силна светлост на небото”. Метероритот можел да се забележи долж западниот брег на Шпанија и во Валенсија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)Ова лето, на грчките плажи се појави неочекувана атракција - мршојадци!Социјалните медиуми се полни со видеа од овие прекрасни птици како буквално паѓаат или слетуваат на плажите меѓу туристите. Некои дури и директно на лежалки под чадорите. На некои луѓе можеби им е застрашувачки кога белоглавиот мршојадец, птица со распон на крилјата од повеќе од два метра, ги шири крилјата на плажата, но многу други се воодушевени од овие сцени. Сепак, овој необичен феномен има свое многу јасно научно објаснување. Мршојадците, всушност, страдаат од исцрпеност и дехидрација среде екстремно високи температури, што ги принудува да ги прекинат своите небесни крстарења и да побараат помош од луѓето. Имало и случаи на овие прекрасни птици кои слетуваат на хаубите на автомобили во движење, не можејќи повторно да полетаат. View this post on Instagram A post shared by Korean Zorba (@koreanzorba7) Според организацијата АНИМА, Здружението за заштита и грижа за диви животни, ваквите феномени се особено чести на плажите на Крит оваа година. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) „Низ Крит, граѓаните и туристите се среќаваат со исцрпени и дехидрирани млади мршојадци, понекогаш дури и во морето. Нашите теренски работници им пружаат прва помош и ги испраќаат кај нас со вечерни траекти“, соопшти АНИМА. „На повеќето од нив им е потребна инфузиона терапија, а две птици биле подложени на ортопедска операција.“ „Во текот на последните денови од јули и првите денови од август, повеќе од 20 млади мршојадци од Крит пристигнаа во АНИМА, како и еден од Палеора во Етолија и Акарнанија“, соопшти здружението.Тагови: мршојадци плажи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладнеУтре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во НикуштакДиректорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните. Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter