Снимен е страшен судар меѓу Порше и БМВ на патеката во Нирнберг (ВИДЕО) - Канал 5

Снимен е страшен судар меѓу Порше и БМВ на патеката во Нирнберг (ВИДЕО)

Возењето на Нирбургринг е едно од највозбудливите нешта што можете да ги доживеете во автомобил, но може да биде и неверојатно опасно.

Снимен е страшен судар меѓу Порше и БМВ на патеката во Нирнберг (ВИДЕО)

Доказ за тоа е ужасниот судир помеѓу Порше и БМВ што се случи пред неколку дена.

Снимките од внатрешноста на Поршето, камерите покрај патеката и видеата од мобилни телефони од местото на несреќата ги покажуваат GT3 RS и BMW M2 Competition целосно уништени во несреќата што се случи за време на јавните возења на патеката во Нирбург, таканаречените Туристички тури, кога секој заинтересиран може да плати за да вози сопствен автомобил, мотоцикл, комбе или дури и автобус на легендарната патека од 20,8 километри.

Дејствието започнува во внатрешноста на GT3 RS, кој се трка и брзо се приближува кон побавниот британски БМВ. Автомобилите се на тесен дел од патеката, а БМВ се чини дека се поместило надесно додека Порше се приближува, што сугерира дека возачот забележал побрз автомобил што сака да го престигне.

Поршето изведува маневар на мала кривина и во тој момент се случува судирот. И двата автомобила завршуваат во заштитната ограда, што предизвикува експлозија, а Порше буквално летна во воздух. Видеото направено со мобилен телефон по несреќата ги прикажува двата автомобили целосно уништени, а деловите се расфрлани на 30 метри од местото на несреќата.

BMW causing huge crash in Nürburgring
byu/Federal-Name-3638 inBMW

Кој е виновен?

Мислењата на интернет се поделени за тоа кој е виновен. Некои коментатори велат дека возачот на BMW очигледно бил виновен што свртил право кон Porsche, додека други тврдат дека возачот на 911 бил премногу агресивен и нетрпелив и требало да почека побезбедно место за престигнување, пренесе Индекс.

И двајцата возачи ја преживеале несреќата, но нивните автомобили биле целосно уништени. Иако Нирбургринг технички има статус на јавен пат, многу полиси за осигурување на автомобили конкретно исклучуваат покритие за возење на патеката поради високиот ризик што е вклучен. Ова значи дека во случај на несреќа, возачите обично мора сами да ги покријат сите трошоци за поправка или замена на своето возило. И тоа не е единствениот трошок што може да ги чека.

Компанијата што го управува Нирбургринг, исто така, ќе им испрати голема сметка за штетата предизвикана на заштитните огради на Armco.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер