Снимање на филмот „Шишка де лукс“ во Скопје - Канал 5

Снимање на филмот „Шишка де лукс“ во Скопје

Во депото на Македонски железници (на улица „Трета македонска бригада 66, зад Американ колеџ), денеска напладне ќе се снима филмот „Шишка де лукс”, соопшти продукцијата „Кино око“.

Снимање на филмот „Шишка де лукс“ во Скопје
Филмот е словенечко-македонско-чешка копродукција, по сценарио и режија на Јан Цвиткович, финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Улогите ги толкуваат: Жига Фодрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски, Андријана Бошкоска-Батич... Во екипата од Македонија се сценографот Иван Бартлинг, костимографот Жаклина Крстевска и Горан Игњатовски - шминкер/маскер. Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око“. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Насилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Во четврток во „Само интервју“ гостува премиерот Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двоен успех за македонскиот шах – Алкалоид и Гамбит АСЕЕ меѓу шесте најдобри клубови во Европа!

Позитивната слика за македонскиот настап ја надополнија и ШК Мулти Есенс и ШК Гостивар.

Двоен успех за македонскиот шах – Алкалоид и Гамбит АСЕЕ меѓу шесте најдобри клубови во Европа!

Македонскиот клупски шах забележа значаен меѓународен успех на Европскиот клупски куп 2026 во Будва, со пласман на две екипи меѓу шесте најдобри во Европа. ШК Алкалоид во отворената конкуренција и ШК Гамбит АСЕЕ во женската конкуренција ги освоија шестите места, потврдувајќи го квалитетот и конкурентноста на македонскиот шах на највисоко европско клупско ниво. Позитивната слика за македонскиот настап ја надополнија и ШК Мулти Есенс и ШК Гостивар.

Европскиот клупски куп се одржа од 17 до 23 октомври во Будва, Црна Гора, со учество на силни клубови и врвни шахисти од цела Европа. Македонија беше претставена со четири клуба – Алкалоид и Мулти Есенс во отворената конкуренција, како и Гамбит АСЕЕ и Гостивар во женската конкуренција.

ШК Алкалоид го освои високото шесто место, со освоени 11 меч-бодови од седум кола, забележувајќи пет победи, едно реми и еден пораз. Како втор носител на турнирот, Алкалоид до самиот крај беше во конкуренција за највисок пласман, а конечниот распоред го одредија дополнителните критериуми. Европската титула ја освои турскиот Бајеган Пендик, пред чешкиот Нови Бор и израелскиот Ришон Лецион.

ШК Мулти Есенс го освои 37. место, со осум меч-бодови, остварени преку четири победи и три порази. Екипата, која го започна натпреварувањето како 43. носител, го подобри својот почетен пласман за шест позиции и го заврши турнирот во горната половина од конечната табела.

Во женската конкуренција, Гамбит АСЕЕ го освои одличното шесто место, со осум меч-бодови од три победи, две ремија и два пораза. Како шести носител, македонскиот клуб го потврди својот квалитет во силна меѓународна конкуренција, задржувајќи го местото меѓу водечките европски екипи.

Вториот македонски претставник кај жените, ШК Гостивар, го освои 16. место со шест меч-бодови, односно три победи и четири порази. Европската титула ја освои Монте Карло, пред Гамбит Боневоа од Луксембург и српскиот Сирмиум од Сремска Митровица.

Двата пласмана меѓу најдобрите шест европски клуба претставуваат вреден резултат за македонскиот шах, а настапите на сите четири македонски екипи се дополнителна потврда за континуитетот, квалитетот и потенцијалот на домашниот клупски шах на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер