ЕвропаСнежно невреме пустоши низ Европа: Проблеми во сообраќајот, илјадници без струја (ВИДЕО)Делови од Европа, погодени од студен бран се соочува со нови временски настани кои предизвикаа прекини во електричната енергија и во сообраќајот.Во Франција, „ветровите слабеат“, но „врнежите што се формираат се придружени со силни налети“, предупреди Метео Франс, пренесе Индекс. Властите сè уште препорачуваат ограничување на движењето, а бројни паднати дрвја го попречуваат патниот и железничкиот сообраќај. Според менаџерот на електричната мрежа, 380.000 домаќинства денеска се без електрична енергија. Налети на ветер од 213 километри на час се регистрирани во департманот Манш (северозапад), каде што училиштата остануваат затворени. Повеќето од интервенциите се поврзани со паднати дрвја и оштетени електрични водови и покриви. Едно лице беше сериозно повредено на север. Пристаништето Диеп (северозапад) беше затворено поради зголемувањето на нивото на водата предизвикано од бурата, која предизвика „значајни поплави“ во Етрета и Фекамп (северозапад), соопштија властите. Обединетото Кралство погодено од снег и ветер Бурата Горети, придружена со обилни снежни врнежи, го погоди и Обединетото Кралство од вчера вечерта. Налети на ветрови што достигнаа речиси 160 километри на час ги погодија југозападна Англија и Велс во текот на ноќта, оставајќи десетици илјади домови без струја, уривајќи дрвја и попречувајќи го сообраќајот. La tempête Goretti a frappé la Normandie dans la nuit du 8 au 9 janvier. Des vents violents, dépassant les 200 km/h sur le littoral, ont causé d’importants dégâts. De nombreux arbres ont été arrachés et des coupures d’électricité ont touché plusieurs milliers de foyers. #JT13H pic.twitter.com/hDpZaKeT5A — franceinfo (@franceinfo) January 9, 2026 По црвеното предупредување за силни ветрови за островите Сили и поголемиот дел од Корнвол во југозападна Англија, поголемиот дел од земјата се префрли на жолто предупредување, со очекувани обилни врнежи од снег, лапавица и дожд во Шкотска, Велс, Северна Ирска и северна Англија. Сепак, според Метеоролошката служба, влијанието на овие временски услови не би требало да биде особено сериозно. Околу 57.000 домаќинства сè уште се без струја, според енергетскиот снабдувач Национал Грид. Повеќе од 250 училишта остануваат затворени во Шкотска. Сите возови во Корнвол се суспендирани. Лондон го избегна најлошото. Околу педесет летови беа откажани на аеродромот Хитроу. Германија ги затвори училиштата и фабриките Во Германија, неколку северни градови, вклучувајќи ги Хамбург и Бремен, ги затворија училиштата поради минувањето на бурата Ели, придружена со снег и силни налети на ветер. Германските железници „Дојче Бан“ го запреа денеска „барем до пладне“железничкиот сообраќај на долги релации на север, што „веќе не е можно“. Производителот на автомобили број еден во Европа, „Фолксваген“, го затвори својот погон со 8.000 вработени во Емден (северозапад), според портпаролот на групацијата. Бурата особено треба да го погоди северот и североистокот, каде што се очекуваат до 15 сантиметри снег, заедно со постојани налети на ветер кои ги трупаат снежните наноси, според Националната метеоролошка служба (DWD). Температурите би можеле да паднат до минус 10 степени Целзиусови овој викенд, а локално дури и до минус 20 степени, според DWD. Според дневниот весник „Билд“, болниците се полни со луѓе кои биле повредени на заледените патишта. Весникот, исто така, објави за сериозни прекини во јавниот превоз и на патната мрежа околу Хамбург. 🌧️ Crues ce matin à Cayeux-sur-Mer, France Les fortes pluies de la tempête Goretti ont provoqué des inondations locales, perturbant la vie quotidienne et rappelant la force des phénomènes météorologiques extrêmes.#CayeuxSurMer #France #Inondations #TempêteGoretti… pic.twitter.com/uN5mmuK7WW — Enock LUBONO AYEL (@EnockLubono) January 9, 2026 Засегнати се и Русија и Балканот Во Русија, обилни снежни врнежи утрово паднаа во Москва. Повеќе од 300 летови беа одложени или откажани на четири аеродроми во Московскиот регион поради обилни снежни врнежи, објави РИА Новости. На Балканот, кој беше погоден од обилни врнежи од снег и поројни дождови на почетокот на неделата, при што загинаа најмалку две лица, денеска поплавите почнаа да се повлекуваат. Но, предупредувањата за мраз и снег остануваат на сила за поголемиот дел од регионот, вклучително и Србија, каде што некои делови од западот се без струја неколку дена по снежната бура. Во Унгарија, значајни прекини во железничкиот сообраќај продолжија петти ден по ред. Метеоролошката станица на северот регистрираше температура од 32,7 степени Целзиусови под нулата во текот на ноќта во планинскиот басен. Снегот утрово го прекина сообраќајот во Чешка, особено во Прага. Управителот на електричната мрежа CEPS објави на перонот X дека вчера, поради студот, е регистрирана најголема потрошувачка во последните пет години. Во Романија, околу 4.000 домаќинства денеска беа без струја поради невремето, според министерот за енергетика Иван Богдан. Во Молдавија, Министерството за образование објави дека околу 600 училишта го одложуваат почетокот на наставата за понеделник. Илјадници домаќинства вчера беа без струја, но струјата беше вратена денеска, според министерството за енергетика.Тагови: Европа невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСтудено утро, преку денот релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 4. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00