Снежни врнежи се очекуваат викендов, надлежните уверуваат дека се подготвени

Нова снежна покривка ја очекува Македонија кон крајот на седмицата, во овој снежен бран за прв пат годинава ќе побели и Скопје. 

Од УХМР велат дека снег ќе има речиси на целата територија, со знак прашалник за југоистокот на земјата. Сепак, граѓаните да подготват уште потопла облека, бидејќи со почетокот на наредната недела ќе биде значително постудено, каде и дневните температури се очекува да бидат минусни.

-Веќе во ноќните часови кон недела и во недела кон текот на денот врнежите ќе бидат од снег, ќе се формира, се очекува да се формира снежна покривка, не само на повисоките места, туку еве и во Скопје ќе има, -УХМР – Ленче Ризова – Синоптичар.

Снегот некои ќе ги израдува, особено најмалечките, но за надлежните тоа ќе значи полни раце работа. Од ЈП Улици и патишта – Скопје, велат дека нема да бидат изненадени и се подготвени за терен, апелираат тоа да го сторат и останатите општини.

-Ние сме спремни во три пункта, Ѓорче Петров, Бутел и Кисела Вода, спремни сме со механизација, со сол и општините исто така треба да постапуваат за општинските улици-Ивана Трајкоска – В.Д директор на ЈП Улици и патишта Скопје.

Доволно механизација и подготвеност има и за регионалните и магистрални патишта, уверуваат од Македонија пат, кои најавуваат и затворање на одредени делници за тешки товарни возила.

-Количините и ризла што ги поседуваме, ние веќе ги имаме потребните количини и дистрибуирани се по пунктовите. Така да, генерално, Македонија пат е спремна за предизвикот кој што ни наидува во текот на викендот, -- Љуљзим Шаќири – Македонија пат.

Во меѓувреме од МВР бараат совесност од возачите за побезбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Контролите на полицијата се веќе интензивни, а велат такви и ќе останат за да се избегнат несреќи.

-Во овој зимски период превентивните активности се насочени кон задолжителното користење на зимска опрема, а за оние до кои нема да стигнат превентивните мерки, МВР презема репресивни мерки, -- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Од ЦУК апелираат на особена внимателност кај лицата кои ќе одат на повисоките места.. Да бидат со соодветна опрема и се што е потребно за престој во планина.

Апелираат и на внимателност за движењето на тротоарите, бидејќи изминативе години болниците се полнеа поради скршеници..

На вакви места, кога ќе замрзнат тротоарите најчесто се случуваат и скршениците, па надлежните апелираат, покрај тоа што велат е нивна обврска имаат и самите граѓани, да си го исчистат снегот пред своите влезови во зградите, пред локалите и влезовите во дворовите.

Мелони ќе оди на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.

Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече „фантастична жена“.

Трамп го прекрши преседанот и покани неколку странски лидери на церемонијата на инаугурација. Историски гледано, тие не присуствуваа поради безбедносни причини и испратија дипломати.

Покрај Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, уште еден силен поддржувач на Трамп, рече дека ќе присуствува. Сепак, друг поддржувач на Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да го стори тоа, рече неговиот портпарол оваа недела.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, и покрај поканата, но испраќа пратеник. Поддржувачите на Мелони се надеваат дека конзервативната италијанска лидерка ќе има привилегиран пристап до Трамп во следните четири години и ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа.

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби.Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби.

Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби.

Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив.

Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби.

Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.

СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ.

Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сирени за тревога и експлозии во Ерусалим, ден пред прекинот на огнот во Појасот Газа

Во Ерусалим изутрината одекнале експлозии, набргу откако се огласиле сирените за тревога во градот и централниот дел на Израел, ден пред стапување во сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Израелската војска соопшти дека проектили биле истрелани кон Израел од Јемен, но биле пресретнати и уништени од проиввоздушната одбрана.

Јеменските бунтовници Хути започнаа напади на израелска територија по избувнивањето на војната во Појасот Газа, тврдејќи дека се солидарни со Палестинците.

По објавувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа, Хутите предупредија дека ќе продолжат со нападите доколку Израел не ги почитува условите од договорот.

притисни ентер