ЖивотСнежни врнежи на југот од Kина, рекордно ниски температури на северот Студениот бран што ја зафати Кина донесе ретки снежни врнежи денеска во јужната провинција Гуангдонг, додека температурата на северот на Кина падна на најниско ниво од почетокот на евиденцијата за месец декември.Температурите паднаа до под нула степени Целзиусови на северот од земјата оваа недела, што го наруши патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај и предизвикаа дефект на сопирачките на воз во Пекинг. На почетокот на ноември, метеоролозите предвидуваа потопла зима оваа година поради феноменот Ел Нињо, но предупредија дека температурите би можеле да варираат откако овој октомври беше еден од најтоплите во изминатите неколку децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен, ги почитувам сите државни празнициНема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен – уверува собранискиот спикер Африм Гаши, по реакциите во јавноста дека втора година по ред нема да присуствува на централната прослава за Илинден во Крушево. На брифинг со новинарите тој потсети дека мината година бил спречен поради здравствени проблеми..,а годинава вели иако нема физички да присуствува, како претседател на Собранието директно учествувал во организацијата на илинденските чествувања.. на свеченоста ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, потврди гаши....Отсуството годинава го објаснува со учеството на меѓународна конференција во Египет, каде како што вели, ќе се дискутира за важни теми како соживотот, толеранцијата, и борбата против говорот на омраза. Порача дека максимално ги почитува државните празници и повика неговото отсуство да не се толкува како политичка порака или тенденција. -Сакам во јавноста и на сите граѓани да им испратам една порака дека Африм Гаши претседателот на Собранието ги почитува сите државни празници и тоа сум го покажал секогаш. Од првиот ден во политиката, особено сега во својство на претседател на Собрание, мислам дека никаков простор за двоумење дали го почитуваме или не, не треба воопшто да има таков простор. Како државен врв одлучивме дека треба да се искористат двете шанси,- Африм Гаши – претседател на Собрание. Повикувајќи се на членот 170 од Деловникот и потсетувајќи дека истата можност била искористена 161 пат во претходниот собраниски состав, Гаши посочи дека самиот ќе одлучи кога Законот за правична застапеност ќе биде ставен на гласање. Повтори дека законот ќе се гласа со мал Бадинтер, откако таквата постапка била утврдена од Комитетот за односи меѓу заедниците. - Јас ќе го искористам тоа право да проценам и одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање и нормално сакам да знаат сите и граѓаните и опозицијата дека не планираме скришум да го донесеме. Седницата ќе биде свикана, пратениците ќе бидат повикани и ќе одлучи пленумот. Моја обврска е да одлучам кога е најдобриот и најпригодниот момент за одлучување, а потоа како ќе одлучи пленумот сите тоа ќе го испочитуваме,- Африм Гаши – претседател на Собрание. Собранискиот спикер се осврна и на Предлог-законот поврзан со скопје европска престолнина на културата 2028-ма.. кој вчера беше повлечен од дневниот ред. Гаши вели дека одлуката била донесена за да не се блокира работата на Собранието и да не се доведе во прашање кандидатурата на Скопје, поради како што кажа дилемите околу јавните набавки..поважно е вели градот да не ја загуби оваа титула, отколку таа да остане во сенка на политичките несогласувања .. порача доколку има оправдани забелешки, тие во наредниот период треба да се коригираат, за законот да добие поширока поддршка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница за пратенички прашања во СобраниетоНаместо за пратенички прашања како што беше предвидено, Собранието половина ден го потроши во кавга за непочитување на Деловникот. Пратеничката од партијата на Села, Илире Даути, со процедурални говори ја блокира седницата бидејќи не добила писмен одговор од премиерот кога ќе се гласа законот за правична застапеност за кој е потребен т.н. „мал бадентер“. Опозициските пратеници ја поддржаа, владејачкото мнозинство бараше да продолжи суштинската дебата, а спикерот Гаши побара од Комисијата за деловнички прашања да даде мислење дали таа има право да ја блокира целата седница со ова барање. Пред да почне процедуралната кавга, лидерот на СДСМ Филипче постави пратеничко прашање до премиерот Мицкоски за неколку теми- одговорноста за епидемијата во Гостивар, блокадата на евроинтеграциите, унгарската истрага за кредитите, животниот стандард.. Мицкоски во однос на економијата рече дека споредбено со претходната влада на СДСМ имало значителен раст на БДП и висината на просечната плата и пензија. Покажувајќи документи од собраниската говорница го обвини Филипче дека не презел ништо кога бил министер за здравство иако и тогаш имало неисправна вода за пиење. Ова е последна седница на пратениците пред летните одмори, а според најавата од собранискиот спикер Гаши, ќе се вратат на работа на 21 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
ЕвропаНајмалку седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина – меѓу нив и децаНајмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа за време на масовен руски ракетен и беспилотен напад врз Украина извршен во текот на ноќта.Според изјавите на официјални лица, шест од загинатите се во регионот на Криви Рог, а еден во Киев. Меѓу загинатите во централниот украински град Криви Рог се и две девојчиња на возраст од пет и 12 години.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди еден смртен случај и пожари на повеќе области во главниот град. Експлозии се слушнале и во Лавов, каде што се пријавени оштетувања на станбени згради. Како одговор на нападите во Украина, соседна Полска мобилизира борбени авиони како превентивна мерка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook