Снежна покривка до половина метар во Албанија, Голо Брдо без електрична енергија (ВИДЕО) - Канал 5

Снежна покривка до половина метар во Албанија, Голо Брдо без електрична енергија (ВИДЕО)

Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија.

Снежна покривка до половина метар во Албанија, Голо Брдо без електрична енергија (ВИДЕО)

– Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече за МИА, Едмонд Османи, од село Требиште, потпретседател на македонската партија, МАЕИ.

И албанските медиуми објавуваат дека во областа има дебела снежна покривка и оти жителите во Голо Брдо се без струја. Според Топ чанел дебелината на снежната покривка на места достигнува и половина метар.

Засега според Османи жителите немаат недостиг од прехранбени артикли и лекарства, зашто " навреме се снабдиле".

Поради снежни врнежи и непроодни патишта, жителите од областа, не ретко, при итни случаи за лекарска помош се јавуваат во Општата болница со проширена дејност во Дебар. Тоа бидејќи Дебар е многу поблиску од најблискиот град Булќиза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес .

Вечерва во 21 часот и 54 минути  почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Весна Јаневска во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Весна Јаневска

 Весна Јаневска во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер