ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола
1ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола
3Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
СветСнема електрична енергија во цела Куба Кубанските власти објавија дека има прекин на електричната енергија на целиот остров, додека енергетската и економската криза во земјата дополнително се продлабочува.Куба има околу 11 милиони жители. Хавана ги обвинува своите проблеми за енергетската блокада на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува нафта на Куба во јануари. Министерството за енергетика и рударство објави на социјалната мрежа X дека дошло до „целосно затемнување“ на националниот електроенергетски систем и дека се спроведува истрага за причината. Електричната мрежа се распаѓа Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави во петокот дека земјата не примила пратки на нафта повеќе од три месеци и во моментов се потпира на сончева енергија, природен гас и термоцентрали. Поради кризата, владата мораше да ги одложи операциите за десетици илјади луѓе. Голем прекин на електричната енергија се случи пред нешто повеќе од една недела, кога милиони луѓе останаа без електрична енергија во западниот дел од земјата. Клучните пратки на нафта од Венецуела беа прекинати откако САД го уапсија тогашниот претседател Николас Мадуро на почетокот на јануари. Иако Куба произведува околу 40 проценти од сопствената нафта и генерира дел од електричната енергија, тоа не е доволно за да ги задоволи потребите на земјата бидејќи електричната мрежа продолжува да се распаѓа. Дијаз-Канел во петокот потврди дека Куба е во преговори со владата на САД бидејќи проблемите во земјата продолжуваат да се продлабочуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозволаГоран „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба? Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима. Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е. Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДС во Центар, а тој оди во политичка пензија. Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува. На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија. Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДС ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон "Пелагонија" вредно милиони. Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години. Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Шоу бизПоранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996Поранешниот шеф на банда Двејн Кефе Ди Дејвис е прогласен за виновен за организирање на убиството на раперот Тупак Шакур, што е прва пресуда во случајот што беше нерасчистен речиси 30 години.Поротата го прогласи шеесет и тригодишниот Дејвис за виновен по едно обвинение за убиство во врска со смртта на Шакур во пукотница во Лас Вегас на 7 септември 1996. Обвинителите на судењето тврдеа дека иако поранешниот водач на уличната банда „Саут сајд Комптон крипс“ не пукал со пиштолот што го уби Шакур, тој го наредил убиството и го обезбедил оружјето што неговиот внук Орландо Андерсон го користел во пукањето. Шакур имаше 25 години кога беше убиен на врвот на својата кариера, а убиството се случи во време на силното соперништво помеѓу рап сцената на источниот и западниот брег и среде вооружените пресметки помеѓу бандите „Бладс“ и „Крипс“, кои имаа длабоки корени во хип-хопот во тоа време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаТелеком со иницијатива за безбеден интернет: Насилството не смее да има публикаМакедонски Телеком и министерството за образование и наука започнаа национална иницијатива против врсничкото насилство и омразата во дигиталниот простор, насловена „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“Фокусот на иницијативата е насочен кон превенција на сајбер-булингот и улогата на сведоците што снимаат и споделуваат насилство. Кампањата беше промовирана во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје на првиот училишен ден, со најава за нови образовни стандарди и промоција на семејната безбедносна апликација Safe Family. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook