Снегот направи хаос во Британија, температурите паднаа на минус 11 - Канал 5

Снегот направи хаос во Британија, температурите паднаа на минус 11

Арктичкиот удар на студен воздух денеска ја погоди Велика Британија и создаде сообраќаен хаос на првиот ден.

Снегот направи хаос во Британија, температурите паднаа на минус 11

Возачите ширум земјата останаа заглавени на улиците, а железничките услуги беа откажани поради снегот и мразот. Вистинската зима пристигна, а температурата се спушти на -11 степени, пренесува Дејли Мејл.

Проблеми во сообраќајот биле пријавени во поголемите градови, особено во Лидс. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тешки временски услови за снег и мраз. Во текот на ноќта рекордни температури се забележани во шкотската населба Браемар со -11,2 степени Целзиусови и во Тулох каде што изнесуваше -10,7 степени.

На граѓаните им е кажано да очекуваат замрзнати патишта, потенцијални прекини во електричната енергија и прекини на јавниот превоз, кој вклучува автобуси и возови. Жолтото предупредување е во сила, но утринава веќе беа продолжени три предупредувања во областа на Северна Ирска, Шкотска и северните англиски градови како Манчестер и Бирмингем.

Според последните прогнози, на места над 300 метри надморска височина се очекуваат околу десет сантиметри снег. Националните железници соопштија дека студеното време ќе влијае на различни линии. Друг железнички превозник најави тестирање на првите утрински линии, кои сообраќаат без патници, за проверка на условите.

Во Шкотска утрово се случи сообраќајна несреќа, кога на патот А952 се преврте автобус, пишува Sky News. Од полицијата известија дека се запознаени со ситуацијата и предупредија дека сообраќајот ќе биде променет во наредните 48 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер