Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони - Канал 5

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони

Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви, информира АМСМ.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово - Дебар се укинати изутрина во 05:30 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово - Дебар се укинуваат во 05.30 часот.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Новиот Рено е поскап од Порше 911 (ФОТО)

Renault ја објави цената на својот електричен ѕвер.

Новиот Рено е поскап од Порше 911 (ФОТО)

Иако „петката“ на Рено отсекогаш била замислена како народен автомобил, симпатичен компакт кој ќе биде верен придружник на француските и европските семејства, од 1980 година и првото турбо, овој модел е на мета на љубителите на возењето.

Renault 5 Turbo помина низ две изданија, двете подеднакво екстремни, а потоа пристигна и третата генерација. Како и основниот модел, кој беше реинкарниран како моден електричен градски автомобил, верзијата Turbo исто така стана електрична. Името е Turbo 3E, а единствената допирна точка со неговите претходници се екстремните перформанси. И погон на задните тркала.

155.000 евра

И цената која штотуку е објавена. Како што велат од Рено, за нивниот најрадикален модел ќе бараат неверојатни 155.000 евра, и тоа за првите 500 примероци. Станува збор за основната цена без дополнителни опции или персонализација, на која дефинитивно треба да се смета со поскап примерок.

Маката за клиентите не завршува тука, бидејќи сите заинтересирани заедно со нарачката ќе треба да платат неповратна аконтација од 50.000 евра. Имено, Renault напоменува дека парите од уплатите ќе бидат искористени за комплетирање на развојот на моделот. Сите што ќе платат ќе бидат контактирани на почетокот на следната година, а потоа ќе имаат можност да учествуваат во персонализирање на автомобилот и дополнително зголемување на цената на автомобилот.

Автомобил без конкуренција

Renault 5 Turbo 3E има монококна карбонска шасија и е придвижуван од два електрични мотори од 540 КС. Достигнува 100 km/h за 3,5 секунди, а има батерија од 70 kWh која обезбедува автономија од околу 400 km.

И за крај, да напоменеме дека овој модел нема директен ривал на пазарот, како по перформанси, така и по цена. Не се сомневаме дека продажбата ќе биде успешна, но впечатокот е дека на оваа 5-ка сепак ѝ недостигаат малку гените на својот претходник.

Доби казна возачот кој џип возеше по велосипедска патека во скопски Бутел (ВИДЕО)

Настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.

Доби казна возачот кој џип возеше по велосипедска патека во скопски Бутел (ВИДЕО)

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило "Ауди" со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. "Бутелска" ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, соопштија од МВР.

YouTube video

Гаши: Немаше комеморативна седница за „Дурмо“, „Беса“ и модуларната, нема ни за Кочани

Претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарските критики и забелешки дека по пожарот со 62 загинати во Кочани на 16 март Собранието се сокри, рече дека за ова прашање донесена била колективна одлука 

Гаши: Немаше комеморативна седница за „Дурмо“, „Беса“ и модуларната, нема ни за Кочани

„Сакам да истакнам дека на ова прашање дали да има комеморативна седница или не, му пријдовме со големо внимание. На состанок со координаторите на пратеничките групи јас го поставив прашањето и по дискусијата заклучивме дека ако закажам комеморативна седница за трагедијата во Кочани, ќе се отвори прашање зошто немаше комеморативна и за жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово, за жртвите во несреќата во Бугарија и други”, одговори Гаши на денешниот новинарски брифинг.

Тој негираше дека пратениците биле на двонеделен одмор по пожарот, туку дека оделе на работа.

Прашан дали донираат, Гаши рече дека се договориле секој пратеник сам да донира за настраданите и за повредените и тоа да не биде јавно.

притисни ентер