Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
СветСнабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновеноСнабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено, објави ДПА. Шпанскиот мрежен оператор РЕЕ соопшти дека од 6 часот наутро, снабдувањето со електрична енергија во земјата е обновено на 99,16 проценти.Во соседна Португалија, електричната енергија е исто така вратена во повеќето домаќинства, објави португалската телевизија РТП, повикувајќи се на португалскиот мрежен оператор Е-Редес. Околу 95 проценти од 6,5 милиони потрошувачи во земјата повторно имаат електрична енергија. Милиони луѓе во Шпанија и Португалија вчера останаа во мрак по прекините на електричната енергија - комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани. Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според операторот РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс на електроснабдувањето во Шпанија и делови од Португалија. /МИАТагови: електрична енергија Пиринејскиот Полуостров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter