Смртта на преубавата холивудска актерка остана мистерија! - Канал 5

Смртта на преубавата холивудска актерка остана мистерија!

Британи Марфи беше американска актерка и пејачка.

Смртта на преубавата холивудска актерка остана мистерија!
На денешен ден таа би наполнила 39 години.

Мајка и Шерон е со ирско-источноевроско потекли, а таткото Италијанец.

Родителите се развеле набрзо по нејзиното раѓање, а подоцна со таткото имала малку контакти.

Од 1995 година до денот кога умрела остварила триесетина улоги.

Партнери и биле Анџелина Џоли, Дакота Фенинг и Еминем меѓу останатите.

Најпозната е по филмовите „Just Married”, „Sin City”, „Eight Miles”, „Girls from high society”.

Британи беше во врска со Ештон Качер, а во 2005 година се сврши со продуцентот Доом Макалус. Сепак, година дена подоцна ја прекина свршувачката и во 2007 се венча за Сајмон Монџек.

Последните три ипол години од нивниот брак живееја во заедница со мајката на Бритни во иста куќа.

Во почетокот на 2000-та, Бритни толку многу ослабела што многумина се посомневаа дека е зависник од дрога.

Актерката Британи Марфи почина во својата 32 година, како последица на акутно воспаление на белите дробови комбинирано со анемија и општа ослабеност на организмот поради користење на разни медикаменти. Пет месеци подоцна почина и нејзиниот сопруг, осум години постариот Сајмон Монџек, под исти околности, комбинација анемија и воспаление на белите дробови.

Во денешните лекарски извештаи стои дека умрела како последица на восплание на белите дробови и анемија. За смртта на Британи Марфи постојат толку многу теории што е тешко да се набројат, а некои од нив се неверојатни.

Многу прашања останаа без одговор. Во последно време по социјалните мрежи повторно се појавија различни теории. Луѓето едноставно сакаат да ја дознаат вистината и сметаат дека не е во ред овој таинствен случај да не се испита докрај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер