Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
1Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
СветСмртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти на денешната прес-конференција.Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време (02:18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за исчезнати. Властите соопштија дека 16 тела сè уште се наоѓаат во објектите, а 89 од пронајдените жртви сè уште не се идентификувани. За идентификација на починатите ќе бидат користени повеќе методи, вклучувајќи и ДНК анализа, јави Би-Би-Си. Службениците на Противпожарната служба соопштија дека по избувнувањето на пожарот е извршена проверка на противпожарните аларми во сите осум блока и било утврдено дека тие не работеле ефективно. Ова претставува потврда на изјавите од повеќе жители дека нивните аларми не се огласиле кога избувнал пожарот. Властите најавија дека ќе преземат дополнителни мерки во врска со ова. Шефот за безбедност, Танг Пинг-Кеунг, изјави дека брзото ширење на пожарот го припишува на стиропорот поставен надвор од прозорците на станбените блокови. Пожарот започнал од пониските катови и се проширил на повисоките нивоа. Истрагата за утврдување на причината е во тек, а во нејзиниот врв, температурата на огнот достигнала 500°C, поради што на некои места огнот повторно се активирал по првичното гаснење. Иако пожарот е изгаснат, некои делови од зградите сè уште имаат температура над 200 степени Целзиусови. На денешната прес конференција беше соопштено и дека во операцијата за гаснење и спасување биле мобилизирани 391 противпожарно возило и 188 амбулантни возила. Повеќе од 2.311 пожарникари учествуваа во операцијата, при што 12 припадници на службата се здобија со повреди. Властите потврдија дека хеликоптери не биле користени, бидејќи сметаат дека воздушното полевање со вода не е ефикасно за гаснење пожари во внатрешноста на зградите. Исто така, не биле користени ниту дронови, но се истражуваат начините за нивна примена во идни слични операции. Во потрагата по преживеани, бил извршен претрес во повеќе од 1.018 станбени единици. Полицијата денеска ќе започне да влегува во зградите за да собере докази, а истрагата се очекува да трае три до четири недели. Во меѓувреме, истрагата за корупција, која беше покрената по апсењето на три лица одговорни за реновирање во комплексот, ќе ја води Независната комисија против корупција (ICAC) на Хонг Конг. Владата на Хонг Конг вети дека ќе воспостави „различни шеми“ за да обезбеди финансиска помош за семејствата кои ги загубија своите домови. Засебна прес-конференција ќе се одржи подоцна за да се објаснат сите економски мерки за помош. Властите најавија и дека ќе воспостават систем за евиденција на сите повредени и исчезнати лица, за да им се овозможи на роднините полесно да ги пронајдат. Владата на Хонг Конг веќе отвори неколку прифатилишта и центри за поддршка во Таи По, кои обезбедуваат услуги како што се субвенции во готовина и помош за домување. Волонтери и владини тимови работат на прибирање и организирање на донации во облека и хигиенски производи за настраданите. Тагови: Хонг Конг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28