Смртна казна во Белорусија – Пијана двојка извршила монструозно злосторство (ВИДЕО) - Канал 5

Смртна казна во Белорусија – Пијана двојка извршила монструозно злосторство (ВИДЕО)

Белоруснот Виктор Шархел (48) е осуден на смртна казна поради исклучително монструозно злосторство , поради што докторот се онесвестил кога ја видел жртвата, осум месечно девојченце.

Смртна казна во Белорусија – Пијана двојка извршила монструозно злосторство (ВИДЕО)

Поради претепување на осум месечно девојченце , а потоа и отсекување на нејзината глава, Белорусонот е осуден на смрт со стрелање.

Бебето Ана е убиена додека нејзината мајка, Наталија Колб, пријателка на Виктор, била во куќата. Наталија е осудена на 25 години затвор, што е најтешка казна за жена во Белорусија.

Виктор и Наталија биле пијани во нивниот стан, а нивниот страшен злостор го прекинал Леонид Колб, таткото на малото девојче, кога влегол во станот и видел застрашувачка сцена: неговата ќерка лежела во локва крв, а телото му било обезглавено.

Невината жртва имала 46 повреди на телото и е убиена со кујнски нож.

- Кога Леонид влезе во станот, она што го виде наликуваше на сцена од хорор филмови. Лекарот од брзата помош се онесвести кога влезе во станот, изјавил сосед.

Пред да ја убијат, тие ја претепале Ана и го извршиле убиството на особено суров начин, според образложението на пресудата во Регионалниот суд во градот Брест.

YouTube video

Соседите за медиумите изјавиле дека убијците изгледале среќно и дека ја крстиле малечката Ана во Православната црква.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Се надевам дека Украина и Русија ќе постигнат договор пред зимата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор пред зимата.

Трамп: Се надевам дека Украина и Русија ќе постигнат договор пред зимата

Новинарите го прашаа Трамп дали разговарал за ракетите „Патриот“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но во својот одговор, тој го пренасочи разговорот кон можен договор со рускиот лидер Владимир Путин, објави „Украинска правда“.

„Тие се подготвени да соработуваат“

„Многу разговарав со него. Тој е подготвен да соработува, како и Путин. Еден ден, се надевам во блиска иднина, можеби пред суровата зима, ќе постигнат договор“, рече Трамп.

Потоа појасни дека сака Зеленски да постигне договор со Русија. „Дали знаете што сакам да направи? Да склучи договор. Сакам тој да се спогоди со Путин и сакам Путин да се спогоди со него“, истакна тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руска тенисерка била принудена да го предаде мечот, причината е бизарна

Руската тенисерка Татјана Прозорова не доби шанса да се натпреварува во финалето на ВТА турнирот во Сингапур, причината е сосема бизарна.

Руска тенисерка била принудена да го предаде мечот, причината е бизарна

Руската тенисерка беше удрена во лицето со топка еден ден пред полуфиналето во сингл додека играше натпревар во двојки, а потоа ѝ беше кажано дека одлуката на физиотерапевтот е дека не може да продолжи да игра на тој турнир:

- Физиотерапевтот инсистираше да направам неколку тестови по натпреварот, а за жал не знаев дека можам да го одбијам - откри 22-годишната тенисерка која дојде на турнирот рангирана на 180-то место во светот, но веќе обезбеди скок од речиси 60 места и можеше да го продолжи својот пробив кон врвот.- Не ми беше лесно, бидејќи веќе бев на теренот околу три часа. Бев исцрпена, а некои тестови ги направив лошо. На пример, стоење на една нога со затворени очи. А тоа не можам добро да го направам дури ни кога сум одморена - рече Прозорова на „X“.

Таа со право е лута на својот физиотерапевт:

– Тој заклучи дека не сум подготвена да донесам одлука за моето здравје и мојот живот и дека ќе морам да одмарам најмалку шест дена, па затоа моето учество на WTA 1.000 во Пекинг беше малку веројатно. И се чувствував одлично веќе на вечерата по двојките.

Таа ја обвини и WTA:

– Организаторите сакаа да играм во полуфиналето, но WTA не ми дозволи. Ми ја уништија неделата од соништата.

Талија Гибсон од Австралија отиде во финалето без борба. Лејла Фернандез и Маја Хвалинска се среќаваат подоцна во второто полуфинале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиската противвоздушна одбрана пресретна дронови на Хутите

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во понеделник соопшти дека саудиската воздушна одбрана пресретнала два беспилотни летала лансирани од јеменските Хути кон главниот град Ријад. 

Саудиската противвоздушна одбрана пресретна дронови на Хутите

Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека дронови биле пресретнати и уништени, а пресретната е и балистичка ракета, насочена кон југозападниот град Хамис Мушаит. Ал-Малики не даде детали за можна материјална штета или жртви.

Претходно, накратко беа издадени официјални безбедносни предупредувања во неколку делови од Саудиска Арабија, вклучувајќи ги градовите Абјан и Хамис Мушаит. Обидот за напад врз Ријад има посебно симболично значење бидејќи ја демонстрира способноста на Хутите, кои се сојузници на Иран, да го нападнат центарот на моќ во сунитското кралство.

Саудиската престолнина е оддалечена околу 850 километри од областа контролирана од Хутите во западен Јемен. Саудиската војска завчера соопшти дека пресретнала шест балистички ракети лансирани од Хутите.

Пред десет дена, коалицијата предводена од Саудиска Арабија, исто така, објави напад со беспилотни летала на Хутите врз муслиманскиот свет град Мека.

Саудиска Арабија ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен

Портпаролот на Хутите го негираше ова. Хутите ги засилија нападите врз соседна Саудиска Арабија поради обновената ескалација на војната во Јемен. Саудиска Арабија ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен и изврши неколку воздушни напади врз Хутите како дел од коалицијата предводена од Ријад.

Неодамнешните напади на Хутите врз нафтените постројки и клучниот саудиски нафтовод го зголемија притисокот врз Ријад. Милицијата, исто така, се обиде да ги спречи саудиските танкери за нафта да минуваат низ теснецот Баб ал-Мандеб, витален превозен пат, во обид да го наруши извозот на кралството во Азија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер