СМО: Драстично намален морскиот мраз на Антарктикот - Канал 5

СМО: Драстично намален морскиот мраз на Антарктикот

 Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец беше на рекордно ниско ниво, објави Светската метеоролошка организација (СМО), што експертите за климатски промени го сметаат за загрижувачки.

СМО: Драстично намален морскиот мраз на Антарктикот

СМО објави дека нивото на морскиот мраз на Антарктикот во јуни, кој беше најтоплиот месец досега, е најниско од почетокот на сателитскиот мониторинг - 17 отсто под просекот.

-Навикнати сме да ги гледаме овие големи намалувања на морскиот мраз на Арктикот, но не и на Антарктикот. Тоа е огромно намалување, изјави Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата, за новинарите во Женева.

Глобалните температури на морската површина во мај и јуни беа рекордно високи за тој период од годината, според СМО, кој предупреди дека затоплувањето на светските океани брзо се шири до длабочините.

-Не само температурата на површината, туку и целиот океан станува се потопол и ја апсорбира енергијата што ќе остане таму стотици години, предупреди СМО.

СМО очекува временскиот феномен Ел Нино, кој неодамна започна, да ги зголеми температурите и на копното и на океаните, што би можело да предизвика повеќе морски топлотни удари и екстремни температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен

Од утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. 

Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен

Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток.

Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата.

Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот.

Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон.

Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

Горивата од полноќ значително поевтинуваат.

Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари.

„ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна.

Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата.

„Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 13 жртви во украински напад на руската Република Татарстан

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.

Најмалку 13 жртви во украински напад на руската Република Татарстан

Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти.

Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар.

Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер