3Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
СветСмена на врвот: Кина ги надмина САД и стана најбогата нација на светотКина официјално ги надмина САД и стана најбогатата нација на светот, покажал новиот извештај, пишува порталот NextShark.Вкупната нето вредност на светот се искачи од 156 трилиони долари во 2000 година, на 514 трилиони долари во 2020 година што го прави светот побогат отколку што некогаш бил во кој било момент во историјата. Кина е одговорна за речиси една третина од тоа зголемување, според извештајот на консултантската фирма McKinsey & Company. Мекинзи ги анализирале националните биланси на 10 земји кои претставуваат 60 отсто од светскиот приход. Од тие земји, Кина има 50 отсто зголемување на нето-вредноста, потоа САД (22 отсто) и Јапонија (11 отсто). Извештајот покажал дека богатството на Кина пораснало од 7 трилиони долари во 2000 година на 120 трилиони долари во 2020 година. Богатството на САД се зголемило повеќе од двојно на 90 трилиони долари во истиот период. Но, иако светот денес е побогат од кога било, нееднаквости сè уште постојат. Само во Кина и во САД, повеќе од 67 отсто од богатството е контролирано од 10 отсто од најбогатите домаќинства - и тие продолжуваат да заработуваат се` повеќе и повеќе. Извештајот исто така покажал дека 68 отсто од светската нето вредност лежи во недвижен имот. Остатокот е во инфраструктура, инвентар, машини и опрема и „нематеријални средства“ како што се интелектуална сопственост и патенти, според Блумберг. Со зголемувањето на трошоците за недвижности, Кина, со компанијата за развој на недвижен имот со седиште во Шенжен, Евергранд, би можела да претрпи финансиска криза слична на балонот за домување што пукна во Америка во 2008 година. Евергранд веќе е во многу непријатна ситуација поради долгови од вкупно 300 милијарди долари , што наводно го принудило нејзиниот претседател да го продаде својот личен имот, пренесува CNN. Падот на глобалните цени на недвижностите може да уништи дури 33 отсто од светското богатство, истакнале од Мекинзи. За да се избегне таквото сценарио, неопходно е да се поттикнат продуктивни и одржливи инвестиции кои придонесуваат за глобалниот бруто домашен производ (БДП), покажал извештајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНОБ: „Турандот“ од Џакомо Пучини – грандиозна музика и драматична приказна на 9 октомвриНа 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар.На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар, препознатливо по својата грандиозна музика, драматичната приказна и незаборавните вокални моменти. Со изведбата ќе диригира Џанлука Мартиненги од Италија, додека режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако од Италија, чие име е синоним за врвни оперски продукции. Кореографијата е на Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи Николина Јаневска, додека улогата на Калаф ќе ја толкува гостинот од Кина, тенорот Ѕ-Жао Гуо. Во улогата на Лиу ќе настапи Биљана Јосифов, Тимур ќе го толкува Игор Дуловски, а во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Никола Стојчевски, Јане Дунимаглоски, Диме Петров, Марјан Николовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. „Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив по широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најпознатите во оперската литература – „Никој не спие“ („Nessun dorma“).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицинаНобелова награда за медицина попладнево добија тројца научници за откритија во оптогенетиката.Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им е доделена на научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел. Нобеловата награда за медицина денес им беше доделена на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за истражување на мозочната активност што опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика. Добитниците на наградата беа објавени на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, со што започна неделата на доделување на Нобеловите награди, пренесува АП. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони долари. Нобеловиот комитет ја пофали работата на тројца научници на откритија поврзани со оптогенетиката, која овозможува активирање или деактивирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок. „Овој метод сега се користи во лаборатории ширум светот за да се откријат тајните на мозокот“, напиша Комитетот на мрежата X. Хегеман и Нагел открија протеин познат како каналродопсин, пред Дајсерот „да го претвори тој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина“, објасни Нобеловиот комитет. Нивната работа ги постави темелите за нова ера во невролошките науки, додаде Комитетот.Тагови: Нобелова награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметуваФилипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега? Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче. Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало. Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник. Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел? Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи. Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54