Служела војска, била прогласена за најубава жена на светот, а сега е во врска со возач на Формула 1 (ФОТО) - Канал 5

Служела војска, била прогласена за најубава жена на светот, а сега е во врска со возач на Формула 1 (ФОТО)

Викендот на Формула 1 во Мајами не му донесе многу среќа на Ленс Строл на самата патека, но надвор од неа, канадскиот возач дефинитивно ја однесе победата.

Служела војска, била прогласена за најубава жена на светот, а сега е во врска со возач на Формула 1 (ФОТО)

Гласините што кружеа на социјалните мрежи со месеци конечно се потврдија - возачот на Астон Мартин е во врска со една од најубавите жени на денешницата, Израелката Јаел Шелби.

Двојката се појави држејќи се за раце, ставајќи крај на шпекулациите што започнаа откако заедничка фотографија „протече“ во јавноста.

Јаел (23) е многу повеќе од „спортска девојка“. Оваа млада Израелка се најде во центарот на вниманието на светската јавност во 2021 година кога беше прогласена за „најубаво лице на годината“ на престижната листа на списанието „TC Candler“, оставајќи зад себе бројни холивудски ѕвезди.

Нејзиниот пат до славата започна на сосема бизарен начин. Кога имаше 16 години, нејзините пријатели, и покрај нејзиното противење, ѝ отворија профил на Инстаграм. Фотографиите веднаш го привлекоа вниманието на локалните фотографи, а нејзината кариера брзо тргна напред. Денес, таа има над 1,4 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.

Таа работела на кампањи за брендови како Ким Кардашијан и Кајли Џенер, а станала позната на пошироката јавност по реклама за мобилен телефон во која се појавила рамо до рамо со Лионел Меси.

Она што ја издвојува Јаел од другите модели е нејзината необична биографија. Таа пораснала во православно еврејско семејство, а медиумите често пишуваат за тоа како успева да ги усогласи строгите религиозни правила со гламурозниот свет на манекенството. Исто така, како и сите граѓани на Израел, Јаел ја отслужила задолжителната воена служба, во воздухопловните сили на нејзината земја. Па така, наместо цивилна служба, на која имала право, Јаел се одлучила за второто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер