3Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
МакедонијаСлучајот со тинејџерката која впери пушка кон својот брат ги алармираше експертите и граѓанитеСакала да сними видео за социјалните мрежи, но објавата предизвика неверување во јавноста.По случајот во кој 15 годишното девојче впери пушка во глава кон нејзиниот помал брат, полицијата го одзела оружјето, а МВР најавува пријава против 44 годишник од крушевско Јакреново во чиј дом се случил настанот и чија дозвола за поседување на огнено оружје е одземена. По видеото кое го објави МВР, се отвораат дилеми зошто се почесто децата прибегнуваат кон вакви појави. Според универзитетскиот професор Зоран Киткањ недостасува воспотната компонента кај децата, кои се почесто се потпираат на телефоните и социјалните мрежи, а појавите можат да се препишат и на недостатокот на внимание. -Некогаш тоа децата го прават за да се докажат пред некого, за да привлечат внимание од спротивниот пол, за да ги казнат родителите, но некогаш и од досада, бидејќи не им е доволно организирано слободното време. Прво имаме отсуство на воспитната компонента во училиштата, значи училиштето не е само образовна, туку воспитно-образовна институција. Втора причина која исто така многу влијае врз функционалниот раст и развој врз децата и младите е ритамот и темпото на живот во традиционалното македонско семејство. Имаме набиен ритам на живот каде што родителите во трка се по пари, повеќе да заработат, да ги задоволат егзистенцијалните потреби. - Зоран Киткањ – Универзитетски професор – Социолог. И она време што го имаат, можеби не го посветуваат доволно на своите деца, велат граѓаните кои ги анкетиравме, а најчесто повозрасни кои веќе имаат внучиња. Според нив, пречестото оставање на децата со телефони во рацете има сериозно негативно влијание. -Родителите немаат многу време за децата, седнуваат на ручек, мобилните, седнуваат во автобус, мобилните. Тоа се е до родителот. Треба повеќе да се даде внимание и не децата секојдневно да бидат со мобилните телефони. /Цел ден со телефонот, не го прифаќам тоа, ако одам некаде да седнам, тие со телефонот цел ден, не ти обрнуваат внимание, не те гледаат. / Се отуѓува детето, порано се дружеле, во двор ќе излезат играат, а сега само со телефоните, тоа е отуѓеност на децата и затоа после не се друштвени, не зборуваат многу./ Тоа е данок на денешницава, на технологијата денешна. Тоа е зло, но не знам како да се искорени, родителите многу повеќе треба внимание на тоа да посветат, во школото исто така. Инцидент со оружје имаше и пред два дена во скопско, кога 21 момче со воздушна пушка ја погодил неговата мајка во десната нога, по што таа завршила во Градска Болница. Како што наведуваат од МВР, додека тој пукал во мета, таа случајно поминала пред него, по што завршила со прострелна рана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНајексклузивно повлекување во историјата- се повлекуваат автомобили што чинат 3 милиони евра Автомобил од три милиони евра би требало да биде прилично блиску до совршенство, но Koenigsegg CC850 има проблем што сериозно би можел да им го расипе денот на сопствениците. Шведскиот производител на хиперавтомобили започна со повлекување на сите седум единици испорачани во Соединетите Држави откако откри дефект што би можел да предизвика автомобилот неочекувано да се врати назад. Сè започна на 12 октомври, кога сопственикот излезе од автомобилот додека моторот сè уште работеше, а менувачот беше во рикверц. Потоа CC850 почна сам да се движи, што го натера Koenigsegg да започне внатрешна истрага. Инженерите утврдија дека електричната рачна сопирачка не функционира правилно кога моторот сè уште работи, а менувачот е во рикверц. Во таква ситуација, сопирачката останува активна само додека возачот го држи притиснато соодветниот прекинувач. Штом го отпушти, автомобилот може да тргне освен ако не е поинаку обезбедено. Според документите од американската NHTSA, повлекувањето опфаќа седум модели на CC850 произведени помеѓу септември 2025 и август 2026 година. За среќа на нивните сопственици, поправката нема да бара замена на скапи механички компоненти. Проблемот ќе биде решен со бесплатна надградба на софтверот, која ќе може да се инсталира од далечина, преку интернет. Алтернативно, сопствениците можат да контактираат овластен сервисен центар. CC850 е еден од најнеобичните хиперавтомобили денес. Неговиот деветстепен менувач Lightspeed овозможува возење со класична педала на куплунгот и рачка на менувачот, но и целосно автоматско менување на брзините. Иронично, автомобил кој комбинира толку сложена технологија, врвни перформанси и цена од околу 3,1 милиони евра мора да се сервисира за нешто што на крајот ќе се реши со едноставно ажурирање на софтверот.Тагови: автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаМетео аларм во Италија- затворени се училиштата во повеќе градови Училиштата се затворени во неколку градови во јужна Италија, додека Пуља и Базиликата денес се под портокалова тревога поради лоши временски услови. Во Барлета, патиштата и подвозниците што би можеле да бидат поплавени ќе бидат следени и, во случај на опасност, ќе бидат затворени за возила и пешаци, објави Тг24. Одделот за цивилна заштита издаде ново предупредување за тешки временски услови во консултација со погодените региони, кои се одговорни за активирање на системот за цивилна заштита на нивните територии, објавува ADN Kronos. Жолтиот метеоаларм е на сила во Калабрија, Кампанија, Молизе, Абруцо и Сицилија. Поради очекуваните обилни врнежи од дожд, некои општини во Пуља воведоа ограничувања. Училиштата се затворени, меѓу другото, во Сан Северо, во покраината Фоџа, како и во Лече и Бриндизи. Општината Лече нареди затворање на општинските гробишта, општинската вила и парковите за време на тревогата. Некои пазари се исто така суспендирани. На жителите им беше советувано да „ограничат непотребни патувања, да избегнуваат паркови и области со дрвја, да избегнуваат поплавени подземни премини и да бидат исклучително внимателниТагови: италија метео аларм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизДип Парпл со важна порака од Иан Гилан, откако итно е однесен во болница „Дип парпл“ објавија важна порака од пејачот Иан Гилан по неговата хоспитализација.Ја објавуваме целосно. „Важна порака од Иан Гилан Драги пријатели, Ви благодарам за сите ваши желби за добро здравје и поддршка во последните неколку дена, тоа ми значеше сè. Имав медицински проблем додека бев во Лајпциг, кој бараше итен болнички третман. Се надевав дека мојот лекар ќе ми даде дозвола да продолжам со турнејата, но ова ќе значеше многу сериозни ризици за мене. Како резултат на тоа, и по совет на мојот медицински тим и менаџмент, донесовме одлука да го одложиме остатокот од европската/британската турнеја до понатамошно известување. Многу ми е жал за евентуалните непријатности што ова може да ги предизвика, но тоа е во најдобар интерес на сите. Ви благодарам за разбирањето. Со почит, IG“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00