Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
2Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
3Претседателката на Молдавија го алармира НАТО: Русија ја напаѓа Европа на два фронта, едниот е особено опасен
МакедонијаСлучајот со ИПАРД програмата и натаму мегдан за обвинувања меѓу власта и опозицијатаКорупцискиот скандал и замрзнувањето на ИПАРД средствата и натаму мегдан за меѓусебени обвинувања меѓи власта и опозицијата.. Наместо транспарентни одговори за клучните прашања министерот за земјоделство Трипуновски праќа празни страници и бега од одговорност за скандалот со средствата од ИПАРД програмата, обвинија од СДСМ. Од опозициската партија реагираат дека министерот и власта кријат информации за стопирањето на помошта за земјоделците, а суспензијата на над 130 милиони европски пари, според нив, е сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД. Од СДСМ бараат одговорност и оставка од Трипуновски за, како што велат, скандалот во неговиот ресор. -Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори. Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот. Погледнете го овој срам. Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на суспендирањето на средствата од ИПАРД, нема ниту информација за планираните чекори за надминување на овој сериозен проблем. Едно големо ништо, изјави Кузеска. Апсолутно отфрлам дека било што се крие во оваа постапка, а Владата е максимално транспарентна, одговори владината портпаролка Марија Митева. Според неа надлежните органи постапуваат, а обвинувањата на опозицијата ги оцени за неосновани. -Опозицијата е таа којашто функционираше на начинот на којшто сега обвинуваат дека некој друг постапува, така што, верувам дека ги влечат ставовите од самите нивни постапки којшто ги имаа во минатото. Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека било што се крие во оваа постапка, знаете дека сме максимално транспарентни, така што очекувам министерството за земјоделие но и сите надлежни органи којшто веќе водат процеси надвор од извршната власт, а тоа се судските органи, да ги дадат своите информации по однос на состојбите, изјави Митева. Министертот Трипуновски во интервју за Канал 5 неодамна изјави дека кај себе не гледа одговорност за злоупотребите на средствата туку одговорнста според него треба да ја сносат тие што се фатени на дело дека правеле незаконски работи. Во однос на контролите појасни дека тие се покренати на владина иницијатива за да се расчистат сите сомнителни случаи, и очекува дека ќе завршат во најбрз можен рок со оглед на тоа што нова директорка веќе е назначена на институцијата, која тој очекува да ги забрза процесите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
ЖивотЗошто не е добро „да се спасува“ детето од секоја ситуација што му предизвикува страв?Кога детето чувствува вознемиреност, повеќето родители инстинктивно сакаат да го решат проблемот. Ваквите реакции, иако произлегуваат од љубов, можат да ја одржат вознемиреноста подолго време и да доведат до тоа детето подоцна во животот да се чувствува помалку сигурно, пренесува „Гардијан“ (The Guardian). Циклусот на семејно прилагодување Оваа појава, кога родителите го менуваат своето однесување, рутините или очекувањата за да му помогнат на детето да ја избегне или ублажи вознемиреноста, според психолозите и терапевтите се нарекува „семејно прилагодување“. Ова се случува кога родителот одговара наместо срамежливо дете за да го поштеди од непријатност, кога испраќа порака до наставникот, наместо да го охрабри детето само да побара помош, ја отстранува секоја неизвесност што може, и тоа често функционира, барем на почетокот. Сепак, на овој начин детето пропушта можност да ја искуси непријатноста и да се справи со ситуациите што на почетокот му изгледаат тешки. Што вели истражувањето? Една студија, во која учествувале 75 родители на деца со анксиозни нарушувања покажала дека колку повеќе родителите се прилагодуваат во ситуации што предизвикуваат непријатност кај децата, толку потешки симптоми на анксиозност се јавуваат подоцна во животот. Ова значи дека реакцијата на родителите на стрес станува дел од циклусот кој тешко може да се прекине. На децата треба да им се дозволи да чувствуваат тешкотија и сами да се справат со ситуацијата. Улогата на родителските тешкотии Гледањето како детето плаче и паничи пред да тргне на училиште може исклучително да го вознемири родителот, особено ако знае дека има проблем во односите со врсниците. Тогаш и тој е вознемирен, па во утринските часови, додека се обидува да го испрати, предвидува што може да тргне наопаку. Во обидот да го заштити, најчесто го контактира училиштето за да предложи решенија или му дозволува на детето да остане дома. Анксиозноста е сложена појава и на нејзиниот развој влијаат бројни фактори, вклучувајќи го темпераментот, генетиката, животните искуства и средината. Сепак, анксиозноста на еден член од семејството со текот на времето може да влијае на целото семејство, создавајќи образец на однесување што постојано се повторува и дополнително ја засилува вознемиреноста. Промена на пристапот Наместо родителите да се прашуваат што да направат за детето да престане да ја чувствува анксиозноста, подобро е да се запрашаат како може да му помогнат за тоа да научи да се справи со анксиозноста. Наместо да кажете: „Нема за што да се грижиш“, обидете се со: „Гледам дека си вознемирен/а. Тоа е непријатно чувство. Со тебе сум и знам дека можеш да се справиш со ова. Тука сум да ти помогнам.“ Овој пристап може да доведе до сосема поинаков исход. Тоа може да значи „страшната“ ситуација да се подели на помали чекори, наместо целосно да ја отстраните. Притоа, важно е да не му ја ускратувате поддршката и да не го принудувате на ситуации за кои не е спремно. Целта не е да се игнорира неговата непријатност, туку да се покаже разбирање за она што му претставува тешкотија, истовремено давајќи му до знаење дека може постепено да се соочи со тие предизвици и успешно да ги надмине. Заедничко справување со вознемиреноста Когнитивно-бихејвиоралната терапија (КБТ) често се користи при појава на анксиозност кај децата. Таа им помага на децата да ги препознаат вознемирувачките мисли, да развијат вештини за справување и постепено да се изложуваат на работите од кои се плашат. Родителите кои и самите се соочуваат со анксиозност треба да знаат кога е потребно да побараат стручна помош. Ние влијаеме врз нашите деца повеќе отколку што можеби сме свесни. Справувајќи се со нашите сопствени стравови и анксиозност, им дозволуваме и на децата да го сторат истото. Барањето помош за себе не е одвоено од помагањето на детето; понекогаш, тоа е клучен дел од процесот. Кога детето е вознемирено, може да изгледа како проблемот да лежи исклучиво во него. Но, децата живеат во семејни системи кои развиваат одредени обрасци на реагирање на стрес. При помагање на детето кое е вознемирено, понекогаш треба да ги преиспитаме овие обрасци, вклучувајќи ги и сопствените. Една од најмоќните пораки што еден родител може да му ја пренесе на своето дете е: „Што и да се случи, верувам дека можеш да се справиш со тоа, а јас сум тука да те поддржам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЖена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката 73-годишна Русинка била прогласена за мртва во декември 2025 година од страна на лекар за реанимација, но два часа подоцна покажала знаци на живот во мртовечницата. Докторот е обвинет дека ѝ инјектирал смртоносен лек за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и е задржан во притвор. Можеби мислите дека ова е сценарио за ТВ серија. Сепак, оваа приказна навистина се случила во Русија минатата година. Лекар за реанимација е осомничен дека ѝ инјектирал смртоносен лек на 73-годишна пациентка, која погрешно била прогласена за мртва, за да ја прикрие својата грешка, објави оваа недела рускиот новински портал Газета.ру. Против него е покрената истрага. На 17 декември 2025 година, Галина, 73-годишна жена, била примена во болница во Северодвинск, Архангелска област, поради акутна тромбоза. Сепак, за време на третманот, нејзиното срце застанало. Речиси половина час, Олег Г., 29-годишен лекар, се обидувал да ја реанимира, но без успех. Потоа специјалистот ја прогласил за мртва. Тој ѝ инјектирал пропофол Сепак, според првичните резултати од истрагата, срцето на жената наводно повторно почнало да чука без лекарот да забележи. Кратко потоа, 73-годишната жена, која била прогласена за мртва, била однесена во мртовечница. Сепак, два часа подоцна, еден од вработените забележал знаци на живот и го известил лекарот. Потоа случајот добил сосема поинаков пресврт. Наместо да ѝ пружи итна медицинска помош, лекарот за реанимација ѝ инјектирал пропофол, интравенски анестетик што се користи за индуцирање и одржување на анестезија и кој може да предизвика респираторна депресија. Истражителите веруваат дека Олег Г. ѝ го дал овој смртоносен лек за да ја прикрие својата првична грешка. Покрената е истрага за „убиство на лице во беспомошна состојба“. Олег Г., кој дипломирал во 2023 година, бил уапсен и потоа задржан во притвор. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека постапил во согласност со медицинскиот протокол. На телото на жената ќе биде спроведен токсиколошки тест за да се утврди со сигурност причината за смртта на 73-годишната жена.Тагови: Доктор мртовечница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСтудентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ Студентка од колеџ во Сан Хозе и нејзината мајка се осомничени дека избоделе маж до смрт, а потоа го скриле неговото тело во клисура во близина на Ливермор! Двете се уапсени, соопшти полицијата, откривајќи детали за грозоморното злосторство. Алесија Ниевес Солас (22) и нејзината мајка, Вероника Рангел (55) се уапсени под обвинение за убиство, соопшти полициската управа во Сан Хозе. Жртвата, идентификувана како Марселино Перез Хименез (44), престојувал во засолниште за бездомници во Сан Хозе, објави „Меркјури њуз“. Последен пат бил виден на 22 август, кога влегол во стан во апартманите „Павона“ на Северната 7-ма улица во Сан Хозе, соопшти канцеларијата на шерифот. Влегол во станот со Солас, носел пакување пиво од 24 парчиња. Следниот ден, безбедносните камери во комплексот наводно ги снимиле Солас и нејзината мајка како се борат со голема, тешка кутија. Според судските документи добиени од „Меркјури њуз“, мајката и ќерката користеле рачна количка за да ја пренесат кутијата до нивниот изнајмен автомобил. Шерифската канцеларија соопшти дека подоцна го следела движењето на автомобилот од станбениот комплекс до улицата Тесла. California nursing student, 22, stabs man to death then dumps him in ravine with help from her mom: cops https://t.co/t4J5hVoaZ9 https://t.co/m1IeuqB4MH — California Post (@californiapost) November 23, 2026 Мистеријата почнала да се одгатнува попладнето на 25 август, кога возач го запрел својот автомобил за да направи пауза во близина на улицата Тесла и улицата Иглс Ран. Погледнал во клисура и видел нешто што личело на човечко тело, па се јавил во канцеларијата на шерифот на округот Аламеда. Полицајците го пронашле телото скриено под ѓубрето што луѓето го фрлале од автомобилите што минувале. Мажот бил избоден со нож, соопшти канцеларијата на шерифот. Солас била уапсена во Лос Анџелес, а подоцна екстрадирана назад во Сан Хозе, каде што е притворена во затворот во округот Санта Клара. Нејзината мајка била уапсена истиот ден во Сан Хозе. Ренџел, која работи во болница, била ослободена од затвор под надзор. Таа рекла дека верува оти нејзината ќерка дејствувала во самоодбрана. Не е јасно како Солас и Хименез се познавале. Мотивот за наводното убиство е под истрага, соопштија властите на Калифорнија.Тагови: Калифорнија студентка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook