Случајот „Меѓународен сојуз" не е измама, смета адвокат Сашо Дуковски

Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз" на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Од класичен облигационен однос меѓу невладината „Меѓународен сојуз" и бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски, Обвинителство направи измама, оцени бранителот на обвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, во своите завршни зборови во судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз".

Тој посочи дека највисок орган во невладината „Меѓународен сојуз", е претседателот на Собранието, а не обвинетиот Јовановски, како негов претседател, па според него, нелогични се тврдењата на сведокот Агапи Дика дека не знаела што потпишува.

– Не можам да му го утврдам статусот на Силјан Мицевски. Кој е Бојан, да го измами еден од најуспешните бизнисмени во државата. Треба да имате доказите дека некој влијаел врз него. Нека се обиде кој било од нас на Силјан Мицевски да му побара 70.000 илјади денари, а не 719.000 илјади евра, па да видиме дали ќе ги добие, наведе адвокатот Дуковски.

Освен за првообвинетиот, Дуковски завршни зборови денеска изнесе и за обвинетите Миле Јовановски и Христина Блажевска, при што му предложи на Судот да ги ослободи од вина со образложение дека обвиненијата за кои се товар се неосновани.

Првото рочиште за овој предмет се одржа на 1 јули 2020 година. Судењето за случајот го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на денешното рочиште на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.

Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз" на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари". Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама", Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје".

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз". /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер