Тој, наводно, пукал во водата, но стрелата удрила во карпите, се одбила и го погодила во главата, пишува Дејли Мејл.
Рендгенските снимки покажуваат дека стрелата завршила меѓу неговите веѓи, откако „го прободела черепот и поминала низ мозокот“.
Болничарите го пронашле момчето како се мачи додека лежело на земја со харпунот кој му излегувал од главата. Лекарите во болницата веднаш ги презеле потребните мерки, го отстраниле испакнатиот дел од харпунот, но го испратиле во поголема болница каде бил опериран.
Момчето се уште е под опсервација поради можен развој на бактериско воспаление на мозокот.
"Се сеќавам дека застрелав со харпунот во водата и тој ме удри во глава. После тоа паднав од силните болки. Сега се чувствувам подобро, но нема да го користам харпунот повторно за риболов", изјавило момчето.
Шефот на спасувачката единица истакнала дека селаните од Чакарат често користат харпуни наместо риболовни стапови.
„Имаше среќа што остана жив, харпунот му се заглави во черепот“, истакна тој.
Пред една година сличен инцидент се случил кога харпун беше испукан во лице на 30-годишен маж, а стрелата му ги прободела двата образи.