Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаСлучај „Починатото девојче од Челопек“ - без обдукција тешко до доказ за лекарска грешкаТешко ќе се утврди дали има лекарска грешка во третманот на седумгодишното девојче од Челопек, кое почина во Тетовската клиника. Тешко ќе се утврди дали има лекарска грешка во третманот на седумгодишното девојче од Челопек кое пред една недела почина во тетовската клиника, сугерираат експерти од медицинската и судската област. Иако три комисии утврдуваа, а една од нив, стручната, формирана од страна на Министерството за здравство сè уште проверува дали има пропусти во лекувањето, без наод од обдукција, мала е веројатноста дека такво нешто може да се докаже. Првата комисија на Државниот санитарен и здравствен инспекторат која чија надлежност во најголем дел се сведува на проверка на документацијата и утврдување дали е сè уредно запишано со печат од лекар, не најде пропусти, но од таму побарале Министерот да формира комисија која може да даде оценка дали детето е лекувано правилно според медицината базирана на докази. Министерот за здравство Азир Алиу, кажа дека ги чека резултатите од оваа стручна комисија за да утврди како ќе се постапува понатаму. Но во изјава за медиумите вели дека чека и резултати од обдукција, која инаку не е направена. Од обвинителството преку видео докази утврдуваат како и зошто е предадено телото на семејството, иако обвинител дал наредба за обдукција, со цел да се дојде до одговорните лица за кои треба да има прекршочни санкции, или дисциплински постапки. „Основното јавно обвинителство Тетово издаде повеќе наредби и насоки за да се испита начинот на кој телото на починатото девојче било предадено, односно преземено од семејството. Дополнително, издадена е наредба за обезбедување на медицинска документација, а се вршат и распити на повеќе лица.“ Од тетовската Клиника тврдат дека ги превзеле сите неоходни мерки според протоколите, но се било залудно и реанимацијата завршила без успех. Во изминатиот период имаше низа на случаи со починати деца, но во ниту еден, немаше утврдено лекарска грешка од страна на стручните лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter