Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури - Канал 5

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури

Одбраната побара укинување на притворот за Васев и Нухи.

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) морал да ги покрие финансиските обврски на Клиниката за радиотерапија и онкологија иако тие биле создадени преку набавка на лекови на реверс, без претходно спроведени постапки и без фактури, беше посочено на денешното рочиште во Основниот кривичен суд - Скопје за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор на Онкологија, Нино Васев, и економскиот директор на Клиниката, Нехад Нухи.

Сведокот, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), во своето сведочење појасни дека Фондот немал увид во набавките на лекови на реверс од страна на Клиниката бидејќи за нив немало документација, но, како што појасни, долговите на крајот морало да бидат платени кога фактурите ќе достасале.

- Во декември 2022 година, имајќи ги предвид висината на долговите и достасувањето на фактурите, 823 милиони денари, ако ги видите претходните месеци, а тоа беше моја работа во Фондот, достасуваат речиси 400 милиони денари за три-четири месеци. Тоа беше врв на долгот на Онкологија во декември 2022 година. Врз основа на ова, се гледа дека наеднаш стигаат многу повеќе фактури отколку при нормалните нарачки и нормалните купувања со постапките. Ова е поради достасувањето на фактурите што дополнително се креирани за предвреме испорачаните, на реверс земени лекови, кои веќе се потрошени. Моравме на крајот да ги платиме и нив како создадени обврски и долгови. Инаку, дававме пари колку што треба да добијат и согласност. Кога веќе ЈЗУ ќе создаде долг, Фондот е должен да го покрие - истакна сведокот.

На прашањето на Обвинителството дали при контролите Фондот имал увид во набавките на реверс, сведокот одговори негативно посочувајќи дека без фактура нема основ за книговодствена евиденција.

- Не можам да кажам дали таму имало испратница или имало реверс, но немало фактура, што значи ако имало некаква испратница, пусулче, што и да е, кога нема фактура, нема достоен документ за израмнување на книговодствената промена. Нема фактура - не е книжено. Контролите ги гледаат книговодствените документи - рече сведокот.

Според сведочењето, иако во извештаите од контролите било нотирано дека има лекови за кои нема ниту постапка, ниту договор, ниту фактура и било укажувано дека тоа не смее да се прави, таквата пракса продолжила. На прашањето дали менаџментот постапувал во согласност со укажувањата, сведокот посочи дека „во делот на набавки без согласност не е постапувано“.

Во однос на финансирањето, беше потврдено дека Фондот во периодот од 2018 до 2021 година нема побарано заем од државниот буџет, но дека таков заем бил побаран во 2022 година.

Одбраната побара укинување на притворот за Васев и Нухи

На денешното рочиште одбраната побара од судот да го укине притворот за обвинетите, поранешните директори Нино Васев и Нехад Нухи, нудејќи и имотна гаранција. Според одбраната на Нухи, адвокатката Анита Бегова, деветмесечниот притвор веќе претставува казна пред пресуда и оневозможува ефективна одбрана.

- Пред овој суд во повеќе наврати како доказ дека обвинетите ќе бидат достапни за судење беше понудена и гаранција од Нухи и Васев. Од Нухи конкретно се понудени куќи од четворица негови братучеди во вредност од над 350.000 евра, и од Васев - куќа во Козле со приближна вредност. Сигурна сум и дека ќе се сложите со мене дека секој има право на фер одбрана. Конкретно, сметам дека обвинетите имаат право на фер одбрана и судење, а такво нешто е невозможно затоа што тие се наоѓаат во притвор - истакна Бегова.

Како причина таа наведе дека во КПУ „Затвор Скопје“ е невозможно да се внесуваат компјутери и средства за подготовка на одбраната, а посетите се временски ограничени, односно имаат право на посета еднаш неделно со времетраење од еден час.

Бранителот на Васев, адвокат Дељо Кадиев, го поддржа предлогот посочувајќи дека е „невозможно да се гради одбрана со клиент што се наоѓа во притвор“ поради, како што рече, ограничувањата во КПУ „Затвор Скопје“.

Кадиев наведе дека вербалните докази се речиси изведени и дека остануваат материјалните, на кои, како што рече, не може да се влијае. Според праксата на Европскиот суд за човекови права, Кадиев додаде дека причините за притвор мора постојано да се преиспитуваат нагласувајќи дека за двајцата обвинети „не може да се зборува за опасност од бегство“.

По предлогот за укинување на мерката притвор, беше најавено дека судот и Обвинителството ќе се произнесат на следното рочиште закажано за 17 февруари 2026 година за кога е најавено присуство на претставник од Државниот завод за ревизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати.

Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена.

„Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин.

Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија.

„Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

Денес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело.

Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.

Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник.

Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември.

На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени.

Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер