Случај Епштајн: Мозоци од починати луѓе од Македонија, биле праќани во САД за научно истражување - Канал 5

Случај Епштајн: Мозоци од починати луѓе од Македонија, биле праќани во САД за научно истражување

Малата балканска земја Македонија придонесува со мозоци од починати пациенти за научни цели во САД со помош на професор на факултетот на Колумбија по потекло од Македонија. 

Случај Епштајн: Мозоци од починати луѓе од Македонија, биле праќани во САД за научно истражување

Ова е дел од текстот насловен „ Лекот стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“, поврзано со лекот кетамин. Се работи за новинарското истражување на двајца новинари на „Блумберг Бизнисвик“, кое сега станува дел од досието на Епстин. Текстот открива дека американски научници создале банка од околу илјада мозоци од лица што извршиле самоубиство, но и контролни примероци. Органите биле отстранети по смртта на одредено лице, биле веднаш замрзнати и транспортирани во САД за научни цели, правилно означени и архивирани. Не е познато колку мозоци на пациенти биле испратени на истражување.

Актуелниот директор на Судска медицина, Александар Станов, за Канал 5 го потврдува случајот и вели дека и самиот бил дел од истражувачкиот проект што се реализирал меѓу 90-тите и две илјадитите години. Уверува дека се било согласно етичките закони и со дозвола со сите надлежни институции, не се работело за никаков профит, туку напротов за научно-истражувачка дејаност за проучување на пациентите со шизофренија и суицидност, а не за производсто на лекови.

Во проектот освен Станков, како сегашен, според информациите, биле вклучени и неговиот претходник, Алексеј Дума и професорот на Универзитетот „Колумбија, Горазд Росоклија, кои воедно биле и автори на документот објавен на сајтот на американската Национална библиотека за медицина објавен документ од Македонската академија за науките и уметностите насловен „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија, Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“.

Главната цел за научна соработка меѓу американски и македонски институции, како што пишува во текстот, била проучување на мозочните промени кај шизофренија и други психијатриски нарушувања, преку обдукции. Македонија била избрана затоа што имала висока стапка на обдукции и квалификувани лекари, но недоволно ресурси за истражување.

Содржината за мозоци од Македонија протече во јавноста од меилот кој го примил Основачот на инвестициската компанија „Турмалин Партнерс“ Ике Гроф, но на ниту еден начин не е поврзано со скандалот со покојниот сексуален престапник Епстин, кој нудел средства за истражување на човечкиот мозок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер