ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж
1ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
2СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж
КошаркаСловенски тренер дави навивач , кој му ја турнал сопругата (ВИДЕО)Словенскиот тренер , Меми Бечировиќ направи вистински хаос на натпревар на кинеското кошаркарско првенство.Тренерот на Џиангсу Драгонс полуде, откако еден од навивачите ја турна неговата сопругата, која се обидувала да го спречи да им дофрлува на играчите на теренот. Angry fan in China gives Lance Stephenson the middle finger then pushes the coach’s wife twice! (Via @YuFuTroy) pic.twitter.com/MEO0D2U0cl — Ballislife.com (@Ballislife) January 3, 2020 Кинезите неколку пати ја истурка, а Беќировиќ потоа тргна во пресметка со него. Тој стигна до навивачот и го удри, а потоа почна да го дави. Интересно е што во пресметката беше вклучен и поранешниот кошаркар на НБА, Ленс Стивенсон. Тој се расправаше со навивачот на домашната екипа, а кога овој почна да дофрла и го покажа средниот прст кон неа, г-ѓа Беќировиќ реагира и се обиде да го спречи навивачот. Тој ја оттурна, а потоа настана хаос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗавршени операциите за спасување, бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во Кина се искачи на 21 Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во округот Дангчанг, во провинцијата Гансу во северозападна Кина, се искачи на 21, а операциите за спасување се завршени, соопштија денеска локалните власти.Лизгањето на земјиштето се случи во вторник наутро во селото Рензанг, во општината Нанхе, при што 33 лица останаа затрупани, објави „Глобал тајмс“. По несреќата, на терен веднаш беа испратени екипи за итни случаи, противпожарни единици и припадници на службите за јавна безбедност, кои започнаа операција за пребарување и спасување. Во знак на сеќавање на жртвите, владините претставници и новинарите присутни на конференцијата оддадоа почит со едноминутно молчење. Dam wall collapses in China after heavy rain #khabraindigital #China #DamCollapse #HeavyRain #Floods pic.twitter.com/VlhJIIsyqw — Khabrain Digital (@daily_khabrain) July 8, 2026 Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСилен земјотрес во Кина Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на растојание од 19 километри од градот Џибин. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намалиЕкономските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини.Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%. Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%. Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти. Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари. Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%. Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè уште ги немаат објавено податоците за јуни месец. Последен податок им е за месец мај, кога инфлацијата во соседно Косово изнесувала 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора била подобра со инфлација од 3,6 проценти и Албанија со 3%. Од друга страна, ако ги споредиме јуни 2026 и јуни 2022 година, сега кога владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и периодот кога на власт била СДС, тогаш бројките се следни: јуни 2026 инфлацијата во Македонија е 3,4%, додека во јуни 2022 била високи двоцифрени 14,5 проценти. Ова е резултатот кога ќе споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина и втората со нападот на САД на Иран. Соодносот на инфлацијата сега со таа тогаш во 2022 година е 1:4,26. Овие не се само статистички податоци и бројки, туку одраз на реалната слика, која влада како се справила со енергетската, со растот на цените, со инфлацијата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook