Словенија успешна во последната „генералка“ пред Европското првенство - Канал 5

Словенија успешна во последната „генералка“ пред Европското првенство

Првиот противник на Македонија на Европското првенство во ракомет селекцијата на Словенија успешно ја заврши и последната контрола пред шампионатот.

Словенија успешна во последната „генералка“ пред Европското првенство
Во вториот контролен дуел против Србија словенечките ракометари постигнаа убедлива победа со 33:25.

Во првиот дел се водеше равноправна борба, а на полувреме Србија водеше со 15:14. Но, на стартот од вториот дел домаќинот Словенија направи резултатска разлика и стигна до триумф. Најефикасни на дуелот беа Гашпар Маргуч и Блаж Јанц (Словенија) со по 4 голови.

Ова за Словенија беше трет контролен дуел во рамки на подготовките и остварена беше третата победа (Иран - 31:19; Србија - 36:32 и 33:25).

Првиот натпревар на шампионатот во Хрватска, Словенија го игра против Македонија на 13.јануари (сабота)./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?

Кочанското обвинителство утрово побара судот во Кочани да и определи мерка  притвор на Ива Михаилова, еден ден откако таа вчера заедно со својот адвокат побегна во Бугарија. 

ОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?

Кочанското обвинителството утрово испратило допис до судот преку кој бара да и се определи притвор на Михаилова.

-Надлежниот обвинител до судот утрово достави предлог за определување на мерка притвор за обвинетата. Тоа е она што обвинителството може да го направи во овој момент, иако судот може да постапува по службена должност. - Обвинителство

Ова значи дека доколку судот одлучи да и одреди на Михаилова притвор, се отвора можноста МВР да распише меѓународна потерница за Михаилова. Меѓутоа, кочанскиот суд се уште ја нема донесено одлуката. Претседателот на Судот во Кочани, Спиро Борисов, во изјава за Канал 5, вели дека тие официјално од МВР за бегството на Михаилова биле известени утрово, а одлуката по предлогот на обвинителството допрва ќе треба да се носи.

-Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани, од каде беше доставен предлогот за определување на мерка притвор. Судот треба сега да одлучи за притворот, работиме со многу мал број на судии, но постапуваме ажурно. – Спиро Борисов, претседател на Основен суд Кочани

Од МВР иако побаравме и натаму нема одговор како Михаилова и нејзиниот адвокат побегнале, ниту пак дали е во тек внатрешна истрагана МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова.

– Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму. Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија.- Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР

За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна од по пристигнувањето во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен. Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација

Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков повикан во македонското МНР за случајот Ива Михаилова.

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација

По најавата на бугарската претседателка Јотова дека ќе се сретне со обвинетата кога вчера избега од Македонија, и најавата од министерто за внатрешни работи дека е можно да и доделат и полцииско обезбедување, по дипломатски пат му укажале на Радуков дека таквиот потег е провокација.

-На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. - МНР

Радуков по средбата рече дека ја слушнал загриженоста на официјално Скопје, но сепак имаше разбирање за потегот на Михаилова, кој го нарече очајнички. Според него, нормална е и реакцијата на Јотова, иако потенцираше дека досега средба немало.

На каков начин поминала граница, Радуков вели дека се уште немаат одговори ниту во Бугарија и се надева дека овој случај нема да наштети на билатералните односи меѓу двете земји.

Од МНР соопштија дека како што најавија вчера, за случајот Ива Михаилова министерот Муцунски веќе ги известил европските институции и земјите членки, а во следниот период велат ќе реагираат и до други релевантни организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер