Словенија станува „ветена земја“ за Македонците - Канал 5

Словенија станува „ветена земја“ за Македонците

Словенија е „магнет“ за македонските државјани, кои пројавуваат голем интерес за работа и живот во оваа држава.

Словенија станува „ветена земја“ за Македонците

Словенечките компании кубурат со кадар подолго време, а најбарани се медицински лица, возачи и општи работници.

Нашите граѓани на денешниот настан насловен „Живот и работа во Словенија“ имаа прилика одблиску да ги видат понудите на фирмите од Словенија, која е мошне атрактивна и за македонските студенти.

Процедурите за вработување и живот во Словенија се мошне олеснети, појаснуваат работодавците од оваа земја. Тие исто така веруваат дека ќе најдат квалитетен кадар во Македонија.

„Бараме добар и квалификуван кадар за работа во Словенија, кој сме сигурни дека ќе го најдеме во Македонија. Имајќи предвид дека во Словенија потребата за работна сила е голема и затоа овде бараме адекватен кадар. Бараме кадар во здравствени институции, домови за стари, граджеништво, угостителство, транспорт ...., изјави, Грегор Прескер, амбасадор на Словенија во Македонија.

„Имаме потреба за возачи од Е-категорија. Нудиме и обука, доколку возачот не е искусен и не нашол работа во Македонија. Обуката трае од еден месец и повеќе, ако е потребно. Имаме одлично искуство со македонските шофери, вредни луѓе, позитивни и уредни луѓе“ - Драган Благојевиќ, вработен во транспортна компанија во Словенија.

На годишно ниво, околу 3800 дозволи за работа во Словенија добиваат македонските државјани, и се очекува таа бројка во иднина значително да расте.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар театар во Македонија.

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Денес, 82 години подоцна, зад оваа институција стојат повеќе од осум децении театарска историја, илјадници сценски мигови, генерации уметници и публика, претстави што оставиле траен белег и континуитет во создавањето и афирмирањето на македонската култура.

Оваа година, роденденот на Театарот се одбележува со настани кои на јубилејот му даваат уште поголема уметничка и меѓународна димензија.

Токму на 14 ноември се отвора 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, меѓународна театарска средба која и годинава во Битола носи продукции, уметници и театри од Италија, САД, Ерменија, Романија, Грузија и Малта.

Посебен визуелен идентитет на годинашното фестивалско издание му дава официјалниот плакат, чие авторство е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, познатиот македонски илустратор, чиј препознатлив уметнички ракопис го збогатува визуелниот израз на фестивалот.

А фестивалот се отвора со „КОРИОЛАН“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел.

Оваа претстава веќе ја носеше приказната за Народниот театар Битола надвор од границите на Македонија, реализирајќи три меѓународни гостувања, покрај премиерното претставување на фестивалот Охридско лето. Настапите на меѓународните фестивалски сцени ја потврдија нејзината улога како значаен амбасадор на македонската театарска уметност. И токму на роденденот на Театарот, по својот меѓународен пат, „Кориолан“ ќе ја има својата премиера на матичната сцена – пред домашната публика.

Амбицијата, гордоста, политичката моќ и односот меѓу поединецот и народот се во срцето на оваа Шекспирова трагедија. Преку приказна која и по повеќе од четири века звучи изненадувачки современо, „Кориолан“ нè соочува со прашањата за власта, манипулацијата, вистината и човечката гордост. Приказна за светот во кој живееме и за човечката природа која, и покрај сите историски промени, останува иста.

Осумдесет и две години НУ Народен театар Битола ја чува сцената жива. Со нови приказни, нови уметнички предизвици и поглед кон светот, продолжуваат да ја пишуваат театарската историја.

82 години театар. И секогаш нова причина да се вратиме во театарот.

Прославете со Битолскиот театар 82 години љубов, уметност и аплауз, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие – 17 лица лишени од слобода.

Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Притоа, 17 лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор.

Од лицата опфатени со полициските постапки, 11 управувале возило без положен возачки испит или без да се стекнат со право на управување. Меѓу нив се Ф.М.(27) од село Романовце, кумановско, А.Ш.(20) од село Доброште, малолетник од село Горно Седларце, 16-годишен малолетник од село Здуње, кој управувал мопед, А.А.(35) од село Градец, М.П.(42) од Скопје, Д.М.(19), А.С.(20), Е.Е.(25) и А.С.(30), сите од Скопје. Во еден од случаите, со И.В.(25) од Кавадарци е извршен службен разговор.

Во шест случаи, возачите управувале возило под дејство на алкохол. Кај Х.Ј.(29) од Битола биле измерени 3,23 промили алкохол во крвта, кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили, кај З.Н.(55) од Македонски Брод 1,74 промили, кај И.С.(40) од Скопје 2,20 промили, кај Б.М.(35) од село Нивичани, кочанско, 2,03 промили, а кај Е.П.Е.(63) од Струмица 1,55 промили алкохол во крвта.

Дополнително, Б.П.(20) од Битола учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, управувајќи патничко возило „шкода“ без регистарски ознаки и без да поседува возачка дозвола. Б.П.(29) од Скопје управувал возило без да се стекне со право на управување, а со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без положен возачки испит, без стекнато право на управување или под дејство на алкохол. Родителите и старателите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да ги исполнат законските услови. Само со одговорно однесување и почитување на прописите можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се двајца велешки дилери- пронајдена дрога, таблети и вага

Лишени од слобода двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага.

Уапсени се двајца велешки дилери- пронајдена дрога, таблети и вага

На 06.11.2026 година, во 22:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(36) и Ј.А.(26), двајцата од Велес, откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно еден од нив ги оставил.

На 07.11.2026 година, по добиена судска наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во домот на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени пари.

Двете лица биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер