Словенија прогласи победа над Ковид 19

Словенечкиот премиер Јанша порача дека очекува до крајот на месецов епидемијата да биде минато.

Словенија е првата држава во Европа која и официјално става крај на епидемијата со Коронавирусот, откако тамошниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на вирусот е смирено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на инфекција во последните две недели. Словенечкиот премиер Јанша порача дека очекува до крајот на месецов епидемијата да биде минато.

-Словенија денес има најдобра епидемиолошка слика во Европа, која овозможува да се стави крај на епидемијата, и тоа најверојатно ќе биде заклучно со датата кога завршуваат првите два анти-корона пакети.- Јанез Јанша

Додека Словенија се фали со резултатите во борбата против коронавирусот, Германската економија опадна за 2,2 проценти, што е најголем пад по светската економска криза од 2008 година, а земјата на Меркел влегува во рецесија. Во меѓувреме, намалување на рестриктивните мерки донесоа и балтичките држави, Литванија, Летонија и Естонија, кои ги отворија границите, така што нивните граѓани ќе можат да патуваат слободно, но во рамките на трите држави, додека за сите останати патници од други земји, ќе остане задолжителен карантинот од 14 дена. Грција пак отвара над 500 плажи, што се смета за клучен тест во борба за туристичката сезона.

-Ние ќе внимаваме на здравјето на нашите граѓани и на посетителите, со тоа што ќе обезбедиме, во зависност од договорите кои ќе ги имаме со другите држави и на европско ниво, да можеме да користиме тестови или други средства за да го ограничиме ширењето на вирусот.- Харис Теохарис – Грчки министер за туризам

Намалување на мерките предвидува и Њу Јорк, која е најпогодена сојузна држава во САД. Тамошниот гувернер Куомо порача дека во одредени делови на државата кои покажале дека добро се справуваат со вирусот, ќе започнат повторно со работа.

Прашањето за отворање, не е за тоа дали да се отвориме или не. Сите сакаат да се отвориме, треба да се вратиме на работа, луѓето треба да ги платат сметките, на државата и е потребна економијата, луѓето имаат животи за живеење. Сите сакаат да се отвориме од ново, но прашањето е како. - Ендрју Куомо – Гувернер на Њу Јорк

Мерките кои државите ширум светот ги преземаат се најдоа и во последниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој - ОЕЦД. Во него, клучниот наод за Македонија е дека земајќи ја во предвид малата по обем економија, акциската рамка на политиките ја нарекува храбра, бидејќи според извештајот, ги адресирала потребите на клучните субјекти кои беа најзасегнати од мерките за ограничување на вирусот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер