ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
1ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
2Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
3Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
СветСловенија на чело на Советот за безбедност на ООН во септември Словенија го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации во септември, објави порталот „Словенија тајмс". Септември е еден од најинтензивните месеци за организацијата, бидејќи светските лидери се собираат во Њујорк за општа дебата при отворањето на сесијата на Генералното собрание. Словенија официјално ќе ја преземе оваа улога денеска, кога ќе ја претстави својата работна програма пред останатите 14 членки на Советот за безбедност. Претставникот на земјата во Советот, амбасадорот Самуел Жбогар, веќе се премести во претседателската канцеларија на организацијата. Учеството на Словенија во Советот за безбедност на ООН како непостојана членка започна на 1 јануари оваа година. Главниот настан за време на едномесечното претседателство на Словенија ќе биде отворена дебата на високо ниво, наречена „Лидерство за мир“, која ќе се одржи на 25 септември за време на општата дебата. Претседавањето со дебатата ќе го води премиерот Роберт Голоб, а ќе се дискутира за значењето на Советот за безбедност на ООН во сѐ повеќе поделен свет. Голоб истакна дека Словенија го презема кормилото на Советот за безбедност на ООН во тежок момент, кога органот „изгледа сѐ помалку успешен во решавањето на конфликти, и неговата улога е ограничена иако сѐ уште незаменлива“. „Сесијата на 25 септември, за време на која извештај ќе поднесе генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, има за цел да го поттикне Советот за безбедност да ја преиспита својата релевантност во момент кога светот се движи во погрешна насока. Ќе се фокусираме на три конфликти, каде што сметаме дека Советот за безбедност не ја игра улогата што се очекува од него: Украина, Газа и Судан“, изјави Жбогар во неодамнешно интервју за словенечката агенција СТА. За време на словенечкото претседателство ќе има најмалку три дискусии за Блискиот Исток. Една од нив ќе се фокусира на израелските населби на Западниот Брег, друга ќе се фокусира на хуманитарната помош, а исто така е планирана неформална средба со лидерите на Арапската лига. „Ќе се обидеме да ги насочиме дискусиите кон иднината, кон решение со две држави и како да започнеме политички процес кој ќе ја отстрани иницијативата од Хамас и други групи. Ги поддржуваме напорите на САД, Египет и Катар за прекин на огнот и сметам дека многу работи можат да се случат до средината на септември“, додаде Жбогар, кој е поранешен специјален претставник на ЕУ за Косово. Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, вети дека земјата ќе продолжи да делува на „обединувачки начин, за зајакнување на вечните вредности на ООН и за поконзистентно почитување на Повелбата и резолуциите на Советот за безбедност“. Фајон ќе претседава со дебата за Авганистан во средината на септември, со фокус на правата на жените, како и со редовната сесија за израелските населби на Западниот Брег ден подоцна. Кон крајот на месецот, таа ќе претседава со затворена сесија на Советот за безбедност со лидерите на Арапската лига. Жбогар изјави дека во септември треба да бидат разгледани и многу други кризи, особено во Африка, вклучувајќи го и Судан. Како претседавачка земја, Словенија ќе се потруди да внесе нови перспективи во некои од дебатите. „Нашето водечко начело ќе биде да се слушаме, разбираме и зборуваме едни со други“, рече Фајон, цитирана од „Словенија тајмс". Словенија, исто така, ќе се обиде да ги ублажи несогласувањата меѓу амбасадорите, барем на лично ниво, преку „разговори на каучот“ – неформални средби без дневен ред, започнати неодамна од Кина и повторно актуелизирани од Русија. Покрај тоа, Словенија ќе претседава со Советот за безбедност уште еднаш пред крајот на својот двегодишен мандат како непостојана членка, во декември 2025 година. Советот за безбедност е еден од шесте главни органи на ООН. Првото заседание го одржа на 17 јануари 1946 година. Слично на ООН, Советот за безбедност е основан по Втората светска војна како обид за надминување на недостатоците на Лигата на народите во одржувањето на светскиот мир. Советот за безбедност на ООН се состои од 15 членки, од кои пет се постојани: Русија, САД, Франција, Обединетото Кралство и Кина. Овие постојани членки имаат право на вето на секоја резолуција на Советот за безбедност, вклучувајќи ги и оние поврзани со приемот на нови членки или кандидатури за генерален секретар. Советот за безбедност има и 10 непостојани членки, избрани за двегодишен мандат на регионална основа./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпадВо текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар. Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ФудбалВидео: Англија ја прекина импозантната серија без пораз на светскиот шампион Шпанија Меч за историја во Мадрид, – 60 минути совршенство, а потоа половина час драмаФудбалската репрезентација на Англија оствари една од најголемите победи во ерата на селекторот Томас Тухел, совладувајќи ја Шпанија со 3:2 во Лигата на нации, во Мадрид. „Гордиот Албион“ ја прекина неверојатната серија на актуелниот светски шампион од 43 натпревари без пораз. Германскиот селектор Тухел најави спектакл пред големото дерби во Лигата на нации, а неговите избраници го исполнија ветувањето на импресивен начин. Во првите 65 минути, Англија со висок пресинг и многу трчање целосно го надигра светскиот шампион Шпанија и стекна предност од 3:0. Хари Кејн им донесе водство на гостите од пенал, а Езри Конса и Бен Вајт дополнително ги шокираа домаќините. Играта на Англичаните беше особено импресивна, бидејќи со висок притисок целосно ја неутрализираа црвената фурија. Сепак последниот половина час од супер дуелот во Мадрид донесе драма. Фудбалерот на Англија Елиот Андерсон поради прекршок над Ламин Јамал во 65 минута доби црвен картон, што значеше почеток на драмата. Шпанската фурија со сите сили запопна канонада на голот на противникот и предноста на Англија почна да се топи. Микел Ојарзабал реализираше пенал, а Николас Вилијамс го намали резултатот на 3:2, на 15 минути пред крајот. Шпанија тргна по израмнување, но Англија издржа голем притисок, најмногу блгодарејќи му на одличниот голман Џејмс Трафорд кој беше брилијантен а одбраната на гостите покажа карактер и ја зачува големата победа.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧетири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУЕвропската комисија има намера да предложи нов заем од 45 милијарди евра за помош на Украина, кој би бил покриен со гаранции од заедничкиот буџет на Европската унија. Овој предлог доаѓа во момент кога Киев се подготвува за својата најтешка зима од почетокот на руската инвазија, пренесува „Фајненшел тајмс“. Се проценува дека буџетот на Украина следната година ќе се соочи со дефицит од 70 милијарди евра. Европската комисија вети дека ќе покрие две третини од овој износ и ги повика другите западни сојузници, исто така, да ја засилат својата поддршка. Според четворица соговорници запознаени со планот, Комисијата во среда ќе им претстави на земјите-членки предлог за задолжување гарантирано од буџетот на ЕУ. Моделот на финансирање би бил ист како оној што се користеше за постојниот заем од 90 милијарди евра за Киев. Тие средства беа наменети за покривање на потребите на Украина во текот на оваа и следната година, но ескалацијата на уништувањето предизвикано од војната создаде дополнителен финансиски јаз. Во случајот со претходниот заем од 90 милијарди евра, на три земји – Чешка, Словачка и Унгарија – им беше одобрено ослободување од плаќање на трошоците за камата. За нов заем од 45 милијарди евра потребна е согласност од сите 27 земји-членки. Сепак, истите три земји – на кои сега им се придружи и Бугарија – веќе најавија дека немаат намера да учествуваат во идното финансирање на Украина. Овој став го наведе германскиот политичар Фридрих Мерц минатата недела да се закани со блокирање на договорот за буџетот на Унијата за периодот 2028–2034 година. Тој својата согласност ја услови со учество на сите земји-членки во финансирањето на Украина, како во текот на следната година, така и во иднина. Германија е најголемиот придонесувач во буџетот на ЕУ и најголемиот европски билатерален донатор за Киев. Од друга страна, четирите земји што се противат на учеството во финансирањето се, всушност, земји кои добиваат повеќе средства од буџетот на Унијата отколку што уплаќаат во него. Според тројца поединци запознаени со преговорите, по заканата на Мерц, одлуките во врска со помошта за Украина и заедничкиот буџет на Унијата станаа цврсто поврзани. Лидерите на ЕУ треба да разговараат за двете прашања на состанок во Брисел на 26 и 27 ноември, со цел да се постигне договор до крајот на годината. Поврзувањето на овие теми се гледа како начин да се обезбеди идно финансирање за Украина и да се заштити процесот од потенцијални вета. Следствено, земјите што зависат од средства од буџетот на ЕУ ќе бидат принудени да избираат меѓу поддршка за Киев и ризик од губење на европската финансиска помош. „Ова ги зголемува влоговите, но исто така значи дека нема шанси овие прашања да се решаваат одделно. Сè е дел од еден голем пакет“, изјави еден од изворите запознаени со ситуацијата. Портпарол на Европската комисија одби да ја коментира оваа информација. Брисел и Берлин стравуваат дека обезбедувањето средства за Украина ќе стане сè потешко, со оглед на претстојните избори во Шпанија, Франција, Италија и Полска. Марин Ле Пен, лидерката на француската десница – која според анкетите води пред претседателските избори во април – веќе најави дека ќе ја прекине поддршката за Украина доколку стане претседател.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook