РакометСловенија ја победи ШпанијаРакометарите на Словенија ја совлада Шпанија во меч од новоформираната група 2 на Европскиот шампионат, што се одржува во Хрватска.Словенците вечерва во вараждинската „Арена" ја победија Шпанија со 31:26, полувреме 13:12, со што и отворија дополнителна шанса на Македонија за место во полуфиналето. Гаспер Маргуч постигна пети голови, а Мачковчек и Благотиншек по четири за првата победа на Словенците во оваа група. Сега Словенија има три бода, исто колку и селекцијата на Македонија, на делба на четвртото и петото место. Лидер е Данска со шест пред Шпанија и Германија кои имаат по четири, додека последно пласираната Чешка им два бода. Вечерва, во оваа група, репрезентацијата на Македонија ќе го одигра мечот против Чешка во кој црвено-жолтите ќе атакуваат на победа, со кој ќе го оддржат шансите за пласман на првите две позиции, а со тоа и место во полуфиналето на Шампионатот. Дуелот Македонија - Чешка започнува од 20 часот и 30 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ТехнологијаЈужна Кореја планира слетување на Месечината до 2030 годинаЈужна Кореја се подготвува за голем технолошки скок, планира слетување на Месечината до 2030 годинаЈужна Кореја денес претстави амбициозна технолошка стратегија заснована на седум клучни проекти, кои опфаќаат области од нуклеарна енергија и квантно пресметување до истражување на вселената и биотехнологија. Преку оваа иницијатива, земјата има за цел да обезбеди нови извори на економски раст што ги надминуваат полупроводниците и вештачката интелигенција, пренесува Ројтерс. Иницијативата, наречена „Seven Major SEED“, беше објавена на состанок во „Сината куќа“ (претседателската резиденција), предводен од претседателот Ли Џае-мјунг. Планот опфаќа неколку главни цели: комерцијална употреба на домашно произведени мали модуларни реактори до 2035 година, слетување на Месечината до 2030 година, развој на домашен квантен компјутер со капацитет од 100 кјубити до 2029 година и комерцијализација на технологијата за интерфејс мозок-компјутер до 2035 година. Министерот за наука Бае Кјунг-хун објасни дека седумте проекти опфаќаат мали модуларни реактори, енергија од фузија, обновливи извори на енергија од следната генерација, квантна технологија, вселенскиот и воздухопловниот сектор, напредна биотехнологија, како и синџири на снабдување со клучни минерали и материјали. Новите технологии како стратешки приоритет Стратегијата беше претставена во време кога Јужна Кореја се подготвува за побавен долгорочен економски раст и засилена глобална конкуренција во развојот на нови технологии. Владите ширум светот сè повеќе ги сметаат овие технологии за клучни, не само за економската конкурентност, туку и за националната безбедност. „Ќе помогнеме во развојот на овие проекти и во изградбата на Јужна Кореја со која никој нема да може да се натпреварува за десет или дваесет години“, изјави министерот за наука Бае Кјунг-хун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 32 лица за безобѕирно управување на возило.Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за возење под дејство на алкохол, 15 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување со возило. Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 302 прекршоци за неправилно паркирање, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 106 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 67 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, осум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Македонија6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасиштаЈавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието. Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен. Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата. Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен. Конкретна работа. Конкретни резултати. Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасиштаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook