Словенецот Јака Малус е нов ракометар на Вардар - Канал 5

Словенецот Јака Малус е нов ракометар на Вардар

Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде ракометар на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив.

Словенецот Јака Малус е нов ракометар на Вардар

Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Лига Европа, соопштија од тимот.

Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите младински селекции и настапувани на младинските и светски првенства во младите возрасни категории.

Потекнува од познатата ракометна школа во Словенија од каде се излезени многу ракометари што играат на таа позиција. Почнувајќи од Целје, преку Мешков Брест, па шпански Синфин и до германски Гепеинген и словенечки Слован, тој ја гради успешната играчка кариера во која има освоено 18 трофеи. Има 6 титули во Словенија, шестпати бил освојувач на Купот на Словенија, и четирипати го освојувал Супер купот на Словенија. Додека беше дел од Мешков, двапати беше првак на Белорусија.

Последен клуб му е Слован од Љубљана кој веќе го освои Купот, а има амбиции да биде и првак на Словенија. На последниот настап во Купот на Словенија, Јак Малус беше прогласен за МВП на турнирот.

Во сезоната 2020/2021 играше во четвртфиналето на ЕХФ лигата нашампионите. Со екипата на Гепинген во сезоната 2022/23 играше на Ф4 турнирот во Лига Европа и го освои бронзениот медал.

-Голема честа ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни клубови во регионот – РК Вардар. Свесен сум за традицијата, амбициите и очекувањата што ги носи овој клуб. Ќе ми биде посебна гордост да го носам црвено-црниот дрес и да го претставувам клубот со толку богата историја и верна армија навивачи. Доаѓам подготвен да го дадам својот максимум, како на теренот така и надвор од него, и заедно со тимот да придонесам за нови успеси. Благодарен сум за укажаната доверба и се радувам на сè што нè очекува во наредниот период, изјави Јака Малус при потпишувањето на договорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер