Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" денеска на програмата на „Охридско лето" - Канал 5

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" денеска на програмата на „Охридско лето"

Уметниците од гудачкиот квартет „Дисонанс" прв пат се собрале во 2014 година за премиерно да изведат дело на словенечкиот композитор Лојзе Лебич, компонирано три децении претходно. 

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс" денеска на програмата на „Охридско лето"

Деветиот фестивалски ден на годинешното издание на „Охридско лето" резервиран за концертот на словечениот гудачки квартет „Дисонанс", во состав Јанез Подлесек како прва виолина, Матјаж Поровне како втора виолина, Оливер Диздаревиќ на виола и Клемен Хвала на виолончело.

Уметниците од гудачкиот квартет „Дисонанс" прв пат се собрале во 2014 година за премиерно да изведат дело на словенечкиот композитор Лојзе Лебич, компонирано три децении претходно. Изведбата на делото во квартет била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар Грегор Помпе за дневниот весник „Дневник" ќе напише: „Овој ад-хок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело штое е бескомпромисно модерно, поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари кои би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл".

По таквиот прием кај критиката членовите на „Дисонанс" навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена, именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во C-dur, KV 465.

Од основањето квартетот „Дисонанс" има настапувано во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, Алесандрија во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт" во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови" во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Тартини, Лебич, Волф и Бетовен. За „Дисонанс" е резервирана сцената на Предворјето на катедралната црква „Света СОфија", со почеток на концертот од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

 При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол.

Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации.

За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица.

Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории.

За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа.

Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети.

Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги.

На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога.

Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во Хрватска

Две авионски бомби, заостанати од Втората светска војна, денес биле успешно уништени во Дунав, во близина на Батина во Хрватска.

Две авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во Хрватска

Поради големата опасност, полициски пиротехничари извршија контролирана детонација на местото на пронаоѓање, додека целата област беше обезбедена со посебни безбедносни мерки, соопшти Полициската управа на Осиек-Барања.

Хрватската полиција вчера, околу 10 часот, добила пријава за експлозивни направи на 1.430-тиот километар од реката Дунав. На терен веднаш биле упатени припадници на Регионалната единица за противминско дејствување од Осиек и на Службата за противминско дејствување при Полициската управа.

Утврдено е дека станува збор за две авионски бомби од советско производство, опремени со соодветни оклопни детонатори.

Според проценката на пиротехничарите, тоа биле експлозивни направи со голема разорна моќ. Секоја бомба тежела околу 150 килограми и содржела приближно 50 килограми експлозив.

Поради специфичните детонатори, секое поместување или транспорт претставувало исклучително висок безбедносен ризик. Затоа е донесена одлука бомбите да се уништат на местото каде што биле пронајдени, се наведува во полициското соопштение.

Двете бомби се уништени со контролирани експлозии во 11:52 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан се поблиску до клупата на Франција

Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на француската репрезентација од Дидие Дешан. 

Зидан се поблиску до клупата на Франција

За ова веќе неколку месеци се шпекулира и зборува во спортските медиуми ширум светот.

По слабото издание и пораз на триколорите во мундијалското полуфинале против Шпанија, се поблиску е денот од се приближуваме кога, и формално, легендарниот ас ќе седне на клупата на Франција.

Познатиот италијански фудбалски инсајдер Фабрицио Романо вели дека Зидан ќе ја преземе тренерската функција со потпишување на договорот овој месец и ќе го замени својот поранешен соиграч од славните денови, Дешан.

- Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција, за тоа немаше сомнеж уште од ноември, кога беше донесена јасна одлука. Зидан веќе го состави својот стручен штаб, а официјалното потпишување на документите ќе следи овој месец. Тој ќе ја предводи Франција во Лигата на нации, на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година - вели Романо.

Со Зидан како играч започна ерата на доминација на француската репрезентација.

Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“, со Зидан во составот, играа и во финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија.

Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство.

Во меѓувреме, популарниот Зизу се докажа и на клупско ниво за време на годините на доминација со Реал, со кој освои речиси сè што може да се освои, и тоа во повеќе наврати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер