Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
БалканСловенците воведуваат огромни промени во сообраќајотПратениците на Словенија едногласно донесоа заклучок за националната програма за безбедност на сообраќајот на патиштата за следните седум години.Според усвоената резолуција, во наредните години, меѓу другото, би се проширувале зоните со ограничување до 30 км/ч, а се планира и намалување на дозволената количина на алкохол во крвта на 0,0. Словенечкиот парламент едногласно ја усвои Резолуцијата за Националната програма за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот од 2023 до 2030 година. Мерките треба да обезбедат до 2030 година на патиштата да не загинат повеќе од 50 лица, а во сообраќајни несреќи да не бидат повредени повеќе од 400 лица. Во наредните години, резолуцијата предвидува развој на инфраструктура за дополнително промовирање на безбедно користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност. Истовремено, планирано е проширување на просторот со најголема дозволена брзина од 30 километри на час и зона на умерен сообраќај, особено во близина на училишта, градинки, во центрите на јавен патнички сообраќај и во населени места. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредениПет лица се исчезнати, а осум се повредени во пожарот што синоќа уништи станбена и деловна зграда во швајцарскиот град Тусис. Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си. Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле на местото на настанот. Интервенцијата била исклучително тешка бидејќи скалите на зградата се урнале, па пожарникарите морале да користат кран за да го пробијат покривот за да пристапат до внатрешноста. И покрај тешките услови, 14 лица биле спасени од запалената зграда. Состојба на повредените и истрага Од осумте повредени, двајца се здобиле со сериозни повреди, двајца умерено сериозни, додека четворица се здобиле со полесни повреди. Сите се однесени во болниците во Хур, Тусис, Иланц и Цирих. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека пожарот започнал на вториот кат, но точната причина сè уште се утврдува. Истрагата ја спроведуваат заеднички полицијата и канцеларијата на државниот обвинител. Тусис е град во алпскиот регион Граубинден, популарна туристичка дестинација во источна Швајцарија позната по своите зимски спортови и летни активности на отворено. Фото: ФБТагови: пожар Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болницаИслам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница, Филипче и Заев го менуваат Законот за градење за да можат да ги изградат модуларните болници.Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница. Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата. Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага. Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДС и ДУИ. Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче. Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар. За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023. И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба. Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Шоу бизКога немал пари, тие му помогнале: Џорџ Клуни им возвратил со милиониСо децении, името на холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни е синоним за големи филмски успеси и хонорари вредни милиони долари. Сепак, зад неговата блескава кариера и статусот на една од најголемите холивудски ѕвезди се крие приказна за еден неверојатен гест што тој го направил за луѓето кои биле покрај него многу пред да стане славен. Во 2013 година, холивудскиот актер одлучил да ги награди своите 14 најблиски пријатели, подарувајќи му на секој од нив по еден милион долари во готовина. Тој поделил вкупно 14 милиони долари, а според неговиот пријател Ренд Гербер, отишол и чекор понатаму, покривајќи ги даноците за неговите пријатели навистина да можат да ја задржат целосната сума од еден милион долари. На 27 септември 2013 година, Клуни ги поканил своите пријатели – група мажи кои себеси се нарекуваат „Момците“ (The Boys) – на вечера. Не ја открил причината за собирањето, а по нивното пристигнување, ги очекувало огромно изненадување. На секое место на масата ги чекала по една куфер-торба со еден милион долари во готовина. Подоцна, во интервју за магазинот *GQ*, Клуни открил дека парите ги обезбедил од трезор во Лос Анџелес во кој се чувале големи количини готовина. За да не привлекува внимание, ги пренесол парите со старо комбе означено како возило за достава на цвеќе, а потоа ги спакувал во 14 торби. Пред тоа, тој им покажа на своите пријатели мапа на светот и им раскажа за сите места што успеал да ги посети и за искуствата што ги стекнал во текот на животот. Јасно им стави до знаење дека и тие имале удел во неговиот успех. Актерот нагласи дека не ги заборавил годините кога немал пари – време кога пријателите му помагале на разни начини: некои му позајмувале пари, додека други дури му дозволувале да спие на нивните каучи. Во моментот кога одлучи на секој од нив да му подари по еден милион долари, Клуни веќе беше исклучително успешен. „Без нив, немаше да го имам сево ова“, тврдеше тој. Ова се случи само неколку месеци откако Џорџ ја запозна адвокатката за човекови права Амал Аламудин, иако во тоа време сè уште не беа во врска. Таа го промени неговиот поглед кон бракот; откако се разведе од актерката Талија Балсам во 1993 година, тој се беше заколнал дека никогаш повеќе нема да стапи во брак. Амал беше жената што го освои, а во септември 2014 година, тој се ожени со неа. Три години подоцна, тие добија близнаци – ќерката Ела и синот Александар. Двојката го чува својот семеен живот подалеку од очите на јавноста; во потрага по подобар квалитет на живот, тие се преселија во Франција бидејќи сакаа на своите деца да им овозможат помирно детство, далеку од Холивуд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook