Словачкиот претседател: Сега останува телото на Фицо да се справи со повредите

Петер Пелегрини, претседателот на Словачка, го посети премиерот Роберт Фицо, кој вчера беше тешко ранет во обид за атентат, во болницата во Банска Бистрица.

Рече дека лекарите му дозволиле да помине само неколку минути со тешко повредениот Фицо, пренесува Та3.

„Лекарите во Банска Бистрица завршија одлична работа. Сега останува на телото на Роберто Фицо да се справи со повредите“, изјави Пелегрини, кој накратко ја опиша посетата.

„Морам да кажам дека беше многу емотивно на човечки начин“, рече тој, додавајќи дека имал среќа што можел да разговара со него неколку минути и да ја изрази својата поддршка.

„Навистина стискам палци за него, бидејќи сега доаѓа главното“, изјави новоизбраниот претседател на Словачка.

„Неговата состојба е сè уште многу сериозна“, додаде тој.

Пелегрини рече дека премиерот се сеќава на сè за инцидентот и дека бил свесен од самиот почеток.

„Дури тогаш, кога отиде во операциона сала, го успаа“, објасни тој.

Новоизбраниот словачки претседател изјави дека по повод обидот за атентат врз премиерот, политичарите подготвуваат текст кој не треба да биде политички, туку хуман, а за него треба да се согласат сите од целиот политички спектар. Овој текст следната недела треба да го одобрат претставниците на политичките партии во претседателската палата.

„Политичарите и медиумите сега мора да преземат одговорност. Многумина ќе мора да се вразумат“, рече словачкиот претседател.

Пелегрини рече и дека ќе ги почитува препораките на Управата за заштита на јавните службеници. Правилата во моментов се построги отколку во минатото, заклучува Та3.

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска повика на прекин на огнот во Либан и Газа, неколку дена откако Техеран истрела над 280 балистички ракети кон Израел, јави ДПА.

При посетата на сирискиот главен град Дамаск, Арагчи го опиша прекинот на огнот како „најитното прашање“, пренесе ИРНА.

Шефот на дипломатијата рече дека Израел е главната пречка за мирот и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на израелските „воени злосторства“ за да се постигне мирот во регионот.

Израел се закани дека ќе возврати по ракетните напади на Техеран, а една од можните цели се нападите врз иранските нуклеарни постројки, пренесува ДПА./МИА

Директорот на Наполи: Разговараме со Кварацхелија за нов договор

Спортскиот директор на Наполи Џовани Мана информира дека клубот е во преговори со напаѓачот Квича Кварацхелија за продолжување на неговиот договор.

- Комуницираме за нов договор. Не брзаме и не сме под притисок. Фудбалерот има уште три години од актуелниот договор. Смирени сме и преговараме, го цитира Мана на социјалната мрежа Икс инсајдер Фабрицио Романо.

На 1 октомври беше објавено дека клубот му нуди на 23-годишниот Грузиец плата од шест милиони евра годишно за продолжување на договорот.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во тековната сезона постигна три гола и две асистенции на девет натпревари за тимот од Неапол.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија изнесува 4,6 милиони евра годишно./МИА

Катами: Хезболах е подготвен за израелско копнено напредување

 Заменик-лидерот на политичкиот совет на либанската милитантна група Хезболах, Махмуд Катами, изјави дека групата е подготвена за израелско копнено напредување.

-Хезболах ги спречи израелските сили да се инфилтрираат на либанска територија, изјави Катами за Ал Џезира.

Според него, ракетите на Хезболах достигнале дострел од 150 километри со задржување на брзината на лансирање.

-Секоја територија што Израел ќе се обиде да ја преземе ќе се претвори во гробишта за неговите војници и тенкови, посочи тој.

Катами додаде дека шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, вчера се сретнал со раководството на Хезболах и изјавил дека Техеран стои со Либан.

-Хезболах делува на бојното поле и нема да влегува во преговори додека е под оган, нагласи тој.

Катами рече дека Израел е тој што го отфрла прекинот на огнот и дека Израел и изралскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не сакаат да ја прекинат војната.

По неколкудневни тешки воздушни напади врз Бејрут и низ јужен Либан, Израел на 1 октомври објави дека неговата војска започнала „ограничени, локализирани и насочени копнени напади“ против Хезболах.

Целта на израелската Влада е обезбедување услови за безбедно враќање на жителите од пограничните области, што беа раселени по нападите на Хезболах./МИА

притисни ентер