Словачкиот премиер Фицо критикуван поради гостување на руската државна телевизија - Канал 5

Словачкиот премиер Фицо критикуван поради гостување на руската државна телевизија

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера изјави за руската државна телевизија „Русија-1“ дека сака да ја посети Москва следната година на Денот на победата и го критикуваше пристапот на Европската унија кон војната во Украина.

Словачкиот премиер Фицо критикуван поради гостување на руската државна телевизија

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера изјави за руската државна телевизија „Русија-1“ дека сака да ја посети Москва следната година на Денот на победата и го критикуваше пристапот на Европската унија кон војната во Украина, што ја налути словачката опозиција.

Неговото појавување на државната телевизија, опишано од словачките медиуми како прво гостување на лидер на ЕУ по нападот на Русија врз Украина во февруари 2022 година, наиде на остри критики во Словачка и ја истакна промената во надворешната политика на Словачка за време на неговото владеење.

Левичарската националистичка влада на Фицо веднаш ги запре воените испораки на Киев откако пред една година ја презеде функцијата и тврдеше дека пратките со оружје го продолжуваат конфликтот.

Фицо, исто така, се обиде да ги задржи односите со Русија, додека Европската унија најмногу се обидуваше да ја изолира Москва.

Во интервју со прокремљ водителката Олга Скабеева, Фицо рече дека би сакал да биде на прославата на Денот на победата на 9 мај следната година и рече дека мировниот план на Киев не е одржлив.

-Тоа веќе не е некаква мировна формула, одеднаш и неочекувано почна да се нарекува победнички план, рече Фицо, чии изјави беа преведени на руски.

„Доколку некој сака ескалација на тензијата, тогаш ќе го каже токму ова: дајте ми нуклеарно оружје на терен, дајте ми ракети со долг и среден дострел и ќе ги употребиме против руски цели“, рече тој.

Словачките опозициски партии ги критикуваа изјавите на Фицо.

-Дома неговата влада се распаѓа, здравствената заштита не е тема за премиерот, но тој ќе најде време да му служи на Путин, изјави Михал Шимечка, шеф на најголемата опозициска партија во парламентот.

Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа

Фудбалскиот клуб Вардар актуелниот Куп освојувач на Македонија се враќа на европската сцена и утре ќе игра во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. 

Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа

Противник на „вардарци“ е екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. „Црвено-црните“ важат за фаворити во овој дуел и за пласман во следната рунда.

- Имавме добри подготовки изминатиов месец и сметам дека сме добро подготвени. Вардар подолг период нема настап во европски куп, го знаеме ривалот, но ние пред се гледаме во самите нас и јас сум фокусиран на моите фудбалери. Очекувам квалитетен натпревар и да стигнеме до победа. Во фудбалот нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни со гостите од Сан Марино, изјави на прес конференцијата тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во утре (четврток), а почетокот е во 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“.

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Вајц нагласи дека против него се води  „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент. 

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата, одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната прес-конференција, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање.

Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.

- Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што го зборувате. Ви препорачувам да ги прочитате правилата, а јас се водам од сите правила на ЕП целоснно, па дури и претерувам во тоа, рече Вајца на прес-конферебцнија по по усвојувањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент.

Тој и претходно во пишана изјава, истакна дека како известувач на ЕП за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“, но оти „некои бугарски ервопратеници го искористиле извештајот за домашни цели“.

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во моментов само Москва го отфрла предлогот за одржување состаноци на ниво на раководство на двете земји во Ватикан.

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

Тој, по состанокот со папата Лав Четиринаесетти изјави дека предлогот за средби на ниво на лидери во Ватикан, со цел ставање крај на руската агресија и постигнување стабилен, траен и вистински мир, „останува отворен и апсолутно можен“, пренесува Укринформ.

- Во моментов, само Москва го отфрла овој предлог, како и сите други мировни предлози. Ќе продолжиме да градиме глобална солидарност за дипломатијата и понатаму да функционира, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на папата за поддршката на украинските деца, вклучувајќи ги и оние вратени од руско заробеништво.

- Украинските деца имаат можност за рехабилитација и одмор во Италија, и таквото гостопримство и искреност се исклучително важни. Денеска разговаравме за понатамошните напори на Ватикан да ги врати украинските деца кои беа киднапирани од Русија, наведе Зеленски.

Украинскиот претседател пристигна во посета на Италија, каде што ќе учествува на дводневната Конференција за обнова на Украина (УРЦ 2025) која почнува утре во Рим.

притисни ентер