Словачката амбасада и донираше три илјади маски на општина Кисела Вода

Почнуваме да делиме маски од пазарот во Драчево, каде што има аптеки и банки, ќе продолжиме и на локациите каде што знаеме дека им се најпотребни на нашите сограѓани. 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш, денеска во населбата Драчево го означија почетокот на проектот за делење на 3.000 заштитни маски, кои ги донираше Словачката амбасада.

– Почнуваме да делиме маски од пазарот во Драчево, каде што има аптеки и банки, ќе продолжиме и на локациите каде што знаеме дека им се најпотребни на нашите сограѓани. Апелирам да се почитуваат сите мерки и препораки на Владата, да се грижиме заедно за нашето здравје, а ние и понатаму остануваме посветени во насока за грижа за здравјето на нашите жители. Изминатиов период поделивме преку десет илјади маски, поставивме преку 300 држачи со средства за дезинфекција во колективните згради. Пет пати ги дезинфициравме сите згради и јавните површини. Општина Кисела Вода ќе успее со своите партнери, со сите помагачи и заедно со граѓаните само доколку во целост ги почитуваме препораките на Владата, изјави градоначалникот Темелковски и се заблагодари за донацијата.

Амбасадорот Маркуш рече дека Словачка и Македонија се релативно успешни во борбата против вирусот. – Ние како држава бевме меѓу првите што ги затворија границите, кај нас е многу голема дисциплината. Секоја наша акција, како и оваа е добредојдена за што побрзо справување со вирусот Ковид-19, посочи Маркуш.

Проектот „Да се заштитиме од Ковид 19" локалната самоуправа го реализира во соработка и со здружението „Добредојде Македонија Welcome Centre", наведуваат од општината Кисела Вода.

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Силјановска – Давкова: Пендаровски не дојде на дебата на МТВ, ќе дебатирам со празно столче

Кандидатот за претседател на државата гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот стево пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

притисни ентер