Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ЕвропаСловачка се закани дека ќе ги блокира постоечките санкции на ЕУ против Русија Владата на Словачка, покрај ветото на новите рестриктивни мерки кон Москва и заемот за Украина, се закани дека ќе ги укине постоечките санкции кон Русија.- Словачка ќе го блокира продолжувањето на веќе усвоените мерки за забрана на визи и замрзнување на средства за 2.672 руски поединци и субјекти доколку двајца руски олигарси не бидат отстранети од листата, објави „ЕУОбсервер“ (EUObserver) повикувајќи се на неименувани дипломати од ЕУ. Воведените санкции против Русија се продолжуваат со консензус на секои шест месеци, а за новото продолжување ќе се одлучува на 15 март. Братислава бара да бидат укинати санкциите против двајца руски олигарси, Михаил Фридман и Алишер Усманов, а за тоа има поддршка од Унгарија. Унгарија веќе стави вето на 20-от пакет санкции против Русија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, исто така, го блокираше заемот од 90 милијарди евра за Украина, обвинувајќи го Киев за блокирање на испораката на руска нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“. И Унгарија и Словачка добија привремено ослободување од политиката на ЕУ за забрана за увоз на руска нафта и добија руска сурова нафта преку нафтоводот „Дружба“, што поминува низ Украина, но испораките беа прекинати на крајот на јануари. Киев тврди дека испораката била прекината бидејќи инфраструктурата на нафтоводот била оштетена во рускиот напад, а Орбан го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски дека намерно не испорачувал руска нафта во обид да предизвика енергетска криза во Унгарија. Словачкиот премиер Роберт Фицо, по вчерашниот состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека се согласиле дека моира да се обнови транзитот на нафта преку „Дружба“. Тој претходно предупреди дека Братислава е подготвена да го блокира заемот од ЕУ ако Киев продолжи да не испорачува нафта и Орбан ги изгуби парламентарните избори. Доколку Украина не го добие заемот, тоа би можело да предизвика финансиска криза по 1 април.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветИталија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократитеОдносите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот. „Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“. Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир. Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter