Слоу фуд Македонија на „Тера Мадре Балкан“ во Брисел - Канал 5

Слоу фуд Македонија на „Тера Мадре Балкан“ во Брисел

 Делегација на Слоу фуд Македонија од 21 до 23 мај годинава ќе биде дел од 5. „Тера Мадре Балкан“ што ќе се одржи во Брисел.

Слоу фуд Македонија на „Тера Мадре Балкан“ во Брисел

Производители, готвачи, експерти, активисти и претставници на Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство се во состав на делегацијата. Тие на предвидените конференции и дебати ќе ги изнесат предлозите за подобрување на постојната национална регулатива за олеснување на традиционалните производства, а потоа, секој од нив во својот домен ќе го презентира сработеното изминатите 12 месеци во рамки на проектот „Од нива до маса - канализирање на проблемите на фармерите“.

„Тера Мадре Балкан“ најавува присуство на преку 100 делегати од девет земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Хрватска, Бугарија, Романија и БиХ, кои ќе бидат репрезенти на големиот број поддржувачи на Слоу фуд во Регионот, на 24-те президиуми, повеќето од 100 заедници на храна, на 50-те готвачи и на 15-те образовни програми за исхрана и вкус.

По досегашните четири изданија, во Софија 2010 и 2012 година, како и во Дубровник 2014 и во Тирана 2016, мрежата Тера Мадре Балкан одлучи годинава (која е клучна за новата Заедничката земјоделска политика на ЕУ (ЗЗП)) својот глас да го „крене“ директно во срцето на европската дебата. Организирани ќе бидат серија настани преку кои ќе се демонстрира богатството и потенцијалот на различности со кој располага Балканот - од политички дебати до дегустации и вмрежување со производители на традиционална храна.

- Балканот е познат по својата исклучителна традиција кога се во прашање храната и земјоделските практики. Но, неговиот потенцијал од овој аспект често не може да дојде до израз поради неусогласеноста меѓу политиките, нивната имплементација и реалноста на терен. Следните месеци ќе бидат од суштинско значење за да се дефинираат патеките на новата Заедничка земјоделска политика во ЕУ, чие влијание особено ќе се почувствува кај новите земји членки и земјите кандидати, велат од Слоу фуд Балкан.

Според Слоу Фуд Балкан, реформираната ЗЗП треба да опфаќа не само производство на храна, земјоделство и трговија, туку и квалитет на храна и животна средина, здравство, ресурси и управување со земјиштето, екологија, социјални и културни вредности.

- Само така замислена, ЗЗП навистина може да обезбеди одржлив рурален развој, децидни се од организацијата.

„Тера Мадре Балкан“ се одржува во рамки на бугарското претседателство со ЕУ кое посебно внимание посветува на Западен Балкан и на неговата иднина во Унијата. Затоа, во фокусот годинава ќе биде конференцијата „Западен Балкан за одржлив рурален развој како двигател на интеграцијата во ЕУ" која ќе се одржи во вторник, на 22 мај во Европскиот парламент, а се очекува да присуствуваат европарламентарците Владимир Уручев и Андреј Ковачев (Бугарија), Адина-Јоана Валеан (Романија) и Дубравка Шуица и Ивана Малетиќ (Хрватска).

Одбележан ќе биде и Меѓународниот ден на биолошката разновидност, 22 Мај, со изложба и дегустациска сесија на разновидност на храна од Балканот.

Вечерта на 22 мај е резервирана за Слоу фуд готвачите, членови на т.н. Алијанса на готвачи. Тие, заедно со гостите-готвачи од Балканот ќе креираат ад-хок менија преку кои, повторно, ќе биде доловено богатството на балканското гастрономско наследство кое се уште е непознато за многумина во ЕУ.

Следниот ден, на 23 мај, ќе се одржи конференцијата „Иднината на балканското наследство на храна" која треба да ги детектира потребите, ограничувањата и потенцијалите на балканските производители да додадат вредност на нивната храна преку шемите за квалитет на ЕУ (PDO/PGI). Конференцијата ќе се организира во партнерство со Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ (ГД Агри), а домаќин ќе биде Бугарското постојано претставништво во Брисел.

Петтото издание на „Тера Мадре Балкан", поддржано од Европската комисија, го организира Слоу Фуд Балкан во соработка со членовите на Европската народна партија (ЕПП) од Бугарија, Хрватска и Романија кои учествуваат во делегациите на Европскиот парламент за односи со земјите од Западен Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер