Слот: Против Сити одигравме речиси совршено - Канал 5

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е задовоелн од играта на неговите фудбалери во триумфот над Манчестер сити (2:0) вчеравечер во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

- Беше речиси совршен натпревар. Поради бројот на пропуштени шанси на крајот малку стравувавме, но можеби тоа е добра работа за вакви натпревари. Така треба да биде. Но, поубаво би било да го постигневме вториот гол порано, истакна Слот за „Скај Спорт“.

Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Поминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени а правда нема.

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробено судство под контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што ветил – излажа.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

Сега и „Газда Деко“ е на слобода.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за 5 тони дрога преку граница.

Нема одговорност за криминални тендри.

Се спасуваат градоначалници и функционери блиски до власта.

Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и повредените во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата. Правдата за Кочани не смее да истече.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа

Рускиот напад со дрон врз воз во близина на украинско-полската граница беше изведен со цел да се заплашат и поделат Европејците, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на Европскиот самит за Арктикот во Финска. 

Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа

Во неделата, руски дрон погоди патнички воз на границата меѓу Украина и Полска – земја-членка на НАТО – кратко откако поминал дипломатски воз во кој се наоѓале поранешниот британски премиер Борис Џонсон и други европски дипломати. Полскиот железнички оператор „ПКП Интерсити“ (PKP Intercity) соопшти дека возот, во кој патувале 206 патници, се движел од Киев кон Варшава.

Рускиот напад врз украинскиот воз имаше за цел да ги „заплаши“ сојузниците на Украина за да ја прекинат поддршката за Киев, оцени во понеделникот шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

„Јасно е дека целта е да се заплашат западните земји за да ја прекинат поддршката за Украина и да се откажат од посетите за искажување поддршка“, изјави таа по пристигнувањето во Рованиеми, Финска, на самит за Арктикот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека Москва „намерно“ го нападнала возот. „Сосема е можно рускиот дрон да имал за цел да го погоди дипломатскиот воз, кој ја напуштил станицата порано од планираното откако распоредот на возовите бил променет во реално време поради постојаните закани од руски напади“, соопштија Украинските железници на Телеграм во неделата.

И Москва и Киев ги засилија нападите со оружје со голем дострел во последните недели со цел да го свртат текот на војната во своја полза. Претходно во неделата, погоден бил и камион на помалку од еден километар од украинската граница со Полска, поради што граничниот премин Дорохуск-Јагодин привремено престанал да работи, соопшти граничната служба.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја нападнало инфраструктурата што овозможува испорака на воена опрема од Европа кон западна Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови цени на бензините, Еуросупер 95, 100,5 , а 98- цата 102,5 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/литар.

Нови цени на бензините, Еуросупер 95, 100,5 , а 98- цата 102,5 денари

Од полноќ повторно се менуваат цените на горивата во Македонија. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/литар.

(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 100,50 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 102,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 99,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 109,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 48,243 (денари/килограм)

(2) Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени во став (1) од овој член. (3) Највисоките малопродажни цени формирани согласно со став (1) на овој член, освен цената за Мазутот М-1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на Мазутот М-1 НС важи франко склад на трговец на големо со нафтени деривати и горива за транспорт во земјата. (4) Во највисоките малопродажни цени формирани согласно со овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност.

Владата на РСМ на седница одржана на 13.09.2026 година донесе Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 214/26), со која е намален износот на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), во износ од 10% и истиот е применет во оваа Одлука.

Исто така и во оваа предметна Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи, а пресметани согласно средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 31-ви август 2026 година и средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 31-ви август 2026 година. Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати, се зголемуваат во просек за 2,86%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 100,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 102,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 4,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 109,50 ден/лит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер