3Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
ФудбалСлот: На натпреварот против Милан, Ливерпул покажа колку е добар со топкатаТренерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше победата над Милан (3:1) остварена синоќа во натпреварот од 1. коло од Лигата на шампионите.- Беше одличен ден да се прослави роденден на таков стадион, но и да се победи. Не би го кажал тоа по првите пет минути од натпреварот, но потоа се помина многу добро. Покажавме колку добро можеме да се справиме со топката. Сакаме да притискаме и да бидеме многу агресивни, но сакаме и да создаваме шанси, изјави Слот, за УЕФА. Ливерпул на 2 октомври во 2.коло од елитното фудбалско натпреварување ќе игра против Болоња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ХороскопНеделен хороскоп за 3. до 10. август 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 3. до 10. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе ви изгледа како жубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално , зашто драгата личност ќе биде на пат. Посакувањето ќе се засили , а со тоа и чувството на осаменост. Некои ќе бараат утеха во разгорување на фантазијата и сонувањето. Кариера Шефовите би можеле да ја сменат тактиката и да кратат таму каде најмалку сте се надевале. Тоа тешко ќе ви падне. Сепак , ќе мора да го прифатите она што се нуди и да се прилагодите како знаете најдобро. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно. Здравје и совет Релаксацијата е најважна. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста , иако и во реалниот живот нема да ви биде лошо . Некои затоа ќе живеат во фантазија , гледајќи љубовни филмови или ќе сонуваат на јаве. ќе има и такви кои ќе ги чувствуваат задоволствата што ги носи платонската љубов. Кариера Лесно ќе решавате се што ќе ви пречи во професионалната работа. Вашата вродена сериозност овој пат складно ќе биде измешана со лежерност , па многумина ќе се изненадат од смелоста со која ги водите работите. Ќе бидете успешни речиси во се. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Полека влегувате во динамична фаза , кога љубовните настани ќе ве изненадуваат. Ако веќе сте во врска би можело да дојде до взаемен флерт , што ќе се претвори во фестивал од доблести. Понекогаш ќе претерувате , но ќе бидете задоволни. Кариера Ви се отвора врата за соработка , што финансиски ветува. Ќе бидете задоволни поради тоа. Ќе ги проанализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збркани , но тоа е минливо. Здравје и совет Верувајте во подобро утре без оглед на се`. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе си разменувате идеи за се и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние кои се сами , ќе ја бараат личноста од соништата. Кариера Во деловните контакти и комуникација избегнувајте да покажете емоции. Едноставно зашто некој би можел да ве доживее како непрофесионална личност , а вие тоа навистина не сте. Внимателно проценете колку емоции треба да покажете. Здравје и совет Релаксирајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Добар развој на љубовниот и социјалниот живот ќе ве охрабри да одите понатаму. Многумина во својата врска ќе внесат свежина со одење на некое интересно место. Оние кои се уште сами , би морале да излегуваат надвор од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓето. Кариера Не сте сигурни во своите идеали.Затоа барате нови примери. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат луѓето од својата професија , кои им се допаѓаат.И тоа е некаков пат , но треба да се дојде до себеси ис војата специфичност. Позанимавајте се таквата цел. Здравје и совет Полнете ги батериите со релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Семејните предизвици во голем дел ќе го задржат ваашето внимание во приватниот живот. Оние во врскам ќе балансираат меѓу партнерот и семејството и на тој начин односот со саканата личност малку ќе кризира. Самите ќе остануваат дома. Кариера На работа се повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера.Вие веројатно ќе ги орасположувате другите кога ќе наидат потешки периоди. Некој ќе се жали дека има премногу работа , а вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате самите , а и колегите. Здравје и совет Недостигот на енергија надополнете го со добар план. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои имаат семејство , ќе сакаат деновите да ги минуваат заедно .Оние во двојки ќе минуваат низ преоден турбулентен период , кога ќе треба да покажат доста толеранција и самоконтрола. Нека не влегуваат во непотребни расправи. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека станувате се покреативни. Затоа ќе почнете да работите со поголемо задоволство. Вашите идеи добро ќе бидат прифатени од помладите. Некои ќе добијат ѓанса за настап или презентација пред публика. Здравје и совет Бидете она што сте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конечно ќе дојде до подобрување во врските , иако се уште повремено доаѓате во искушение да се искарате. Ќе има поголема блискост , но и бризната со која ќе се натажите ќе биде присутна. Затоа контролирајте се и верувајте во подобро утре. Кариера Условите за развој на кариерата ќе бидат тесно поврзани со битка и стрес. Ваше е да си ја процените силата и онаа на противникот , па да постапите реално и паметно. Важно е да рационализирате со сите сили. Здравје и совет Побарајте хармонија во нештата. Овен 21.3-20.4. Љубов Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштите во страстна врска. Во секој случај , послушајте го срцето и нема да згрешите. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Среќета во домот оваа недела ќе ви биде преокупација. Работите во куќата , ситни поправки ќе се случуваат спонтано и организирано. Оние кои одат на работа , ќе работат неделава колку за да одработат. Здравје и совет Ќе го анализирате своето минато. Бик 21.4- 20.5. Љубов Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително , а се друго ќе наведува на незадоволство , расправии и кавги. Затоа разговарајте , но не инсистирајте на прегратки. Тоа нека почека подобри времиња. Со трпение, се ќе се среди. Кариера Вашите финансии како –така конечно се стабилизираа . Истовремено се отовра нова мрежа за деловни соработки , а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со колегите и работете заедно. Така резултатите ќе бидат подобри. Здравје и совет Не можете без патувања , па ниту сега. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радост поради луѓето кои ги сакате , пријатни забави без преголеми амбиции, опуштеност во секој момент на дружење – сето тоа може да го доживеете деновиве. Бидете отворени ,имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете среќни. Кариера Не сакате да се занимавате со се и сешто , но заостанатата работа ќе мора да ја довршите.Станува збор за ситници , за кои не треба да се нервирате. Прифатете го како дел од работата низ кој треба да минете за да стигнете до нешто подобро. Здравје и совет Погледајте добар филм , најдобро комедија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има нешто помалку привлечност , но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата , а повеќе да уживате дома во друштво со најдрагата личност. Оние кои се сами , би можеле да најдат љубов на излегувања или патувања. Кариера Погледнете малку подобро околу себе и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат нешто да направат. Подобро е подобро да се поврзат и да осмислите подобар план на организација. Придвижете се себеси и другите. Здравје и совет Не дозволувајте било што да ве исфрли од такт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаГолемо откритие 81 година по атомската бомба на Хирошима! Научници во Хирошима открија досега непозната супстанца!Осумдесет и една година по фрлањето на атомската бомба на Хирошима во Јапонија, на 6 август 1945 година при што загинаа повеќе од 70.000 луѓе, научниците открија претходно непозната супстанца во песокот на заливот Хирошима. Екстремните температури и притисокот предизвикани од експлозијата создадоа посебни честички што истражувачите ги нарекоа „хирошимаити“. Ситните, топчести честички настанале кога градежни материјали, метали, почва, стакло и вода испариле при експлозија на атомска бомба. Потоа, тие кондензирале во атмосферата и паднале назад во околината. Во тие честички, научниците откриле досега непознати метални легури формирани под екстремните услови на експлозијата, што обезбедува сосема нови сознанија за однесувањето на материјалите при екстремно високи температури и притисоци. Анализата покажа присуство на специфични легури богати со железо, вклучувајќи легури на железо и хром со никел, манган и молибден. Овие легури сочинуваат околу три проценти од сите анализирани честички и се јавуваат во различни форми – како ситни капки и неправилни зрна. Едно од најинтересните откритија била честичка со исклучително висока содржина на силициум, за која научниците сметаат дека настанала со кристализација на една стопена капка пред таа многу брзо да се излади. Истражувачите истакнуваат дека вакви униформни кристали не можат да се формираат во нормални услови, што дополнително ја потврдува уникатноста на екстремната средина создадена за време на атомската експлозија. За да го проучат хирошимаитот, научниците користеле скенирачки електронски микроскопи и микроскопи со рефлектирана светлина за детално да ги анализираат структурата и составот на честичките. Огнената топка создадена од детонацијата, која достигнала температури од над 7.000 степени Целзиусови, за миг ги испарила околните материјали. Нивните пареи потоа кондензирале во микроскопски капки кои брзо се изладиле и паднале на земјата, каде што и денес можат да се најдат во песокот на заливот Хирошима. Според истражувачите, овие честички претставуваат еден вид „фотографија“ на материјалите што се наоѓале на местото на експлозијата и покажуваат како тие се однесувале при екстремни температури и притисоци. Извор: Курир.рсКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЈувентус се откажува од ангажманот на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус одлучи да не го ангажира аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, пренесе Фабрицио Романо. Италијанскиот великан процени дека цената што ја бара Астон Вила за 33-годишниот аргентински репрезентативец е превисока. Мартинез е дел од клубот од Бирмингем од 2020 година, неговите одлични настапи во Премиер-лигата му ја донесоа улогата на прв голман во националниот тим. Тој беше клучен играч во походот на Аргентина кон титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter