Слот ќе разговара со Салах за клупскиот статус - Канал 5

Слот ќе разговара со Салах за клупскиот статус

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, најави дека ќе разговара со Мохамед Салах (33) во текот на денешниот, а потоа ќе одлучи дали египетскиот напаѓач ќе биде во составот за саботниот натпревар со Брајтон на „Енфилд“.

Слот ќе разговара со Салах за клупскиот статус

„Денеска ќе разговарам со Салах и исходот од тој разговор ќе одреди како ќе изгледаат работите в сабота“, изјави Слот на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали сака Салах да остане во клубот, Слот рече: „Немам причина да не го сторам тоа“.

Египетскиот фудбалер последен пат беше во составот на Ливерпул на 26 ноември, кога Ливерпул во поразот од 1-4 од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампиони. Салах потоа остана на клупата за резерви во два од трите натпревари од Премиер лигата и јавно проговори за својот статус во клубот минатиот викенд, по нерешениот резултат со Лидс. Салах тогаш рече дека се чувствува како жртвено јагне, односно дека клубот сака да го направи одговорен за лошите резултати оваа сезона.

Поради оваа изјава, тој беше изоставен и од тимот за натпреварот од Лигата на шампиони во вторникот против Интер во кој Ливерпул победи со 1-0.

Египетскиот голгетер е во Ливерпул од летото 2017 година и постигна 250 голови на 420 натпревари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер