Сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“ - Канал 5

Сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ денеска во литературното кафе „Метонија“ ќе промовира сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“.

Сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“
Автор на букварот е Севдија Абдулова Демирова, а рецензенти Лена Дамоска и Биљана Туџаровска-Ќупева.

Издавањето на Букварот на ромски јазик е со поддшка од Владата на Република Македонија.

- Иако секој има право да учи на својот мајчин јазик, Ромите како „деца на светот“ бидејќи немаат своја држава, немаат можност да уживаат во ова право. Но, во Република Македонија, учениците можат да посетуваат факултативна настава на ромски јазик и овој буквар е наменет токму за децата кои сакаат да го изучуваат ромскиот јазик, како и за наставниците кои имаат потреба од стручна литература, соопштуваат од СУМНАЛ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арина Сабаленка казнета поради своето однесување во финалето на УС Опен

Втората светска тенисерка Арина Сабаленка ќе мора да плати 7.500 долари поради своето однесување за време и по финалето на Грен слемот во Њујорк, Ју Ес Опен против Елена Рибакина. 

Арина Сабаленка казнета поради своето однесување во финалето на УС Опен

Белоруската тенисерка претрпе болен пораз во Њујорк, каде што ја пропушти можноста да ја освои третата последователна титула на УС Опен.

Рибакина победи со 6-4, 5-7, 6-2, а Сабаленка тешко се справуваше со емоциите по натпреварот.

Во текот на првиот сет, откако загуби поен, Сабаленка луто ја удри топчето кон трибините, поради што доби казна за неспортско однесување. Подоцна во мечот, таа повторно во гнев го удри топчето кон задниот дел од теренот, за малку погодувајќи еден снимател.

По последниот поен уследи вистински излив на гнев. Додека седеше на клупата, Сабаленка неколкупати силно го удри рекетот од земја, а потоа вербално го нападна снимателот што ѝ пријде по завршувањето на мечот.

Организаторите на УС Опен ѝ изрекоа парична казна од вкупно 7.500 долари на Сабаленка поради прекршување на правилата за однесување. Казната ќе биде одбиена од нејзината заработка на турнирот. Сабаленка пристигна во Њујорк како двократна бранителка на титулата и имаше можност да стане само третата тенисерка во „Опен ерата“ што освоила три последователни титули на УС Опен.

Сепак, Рибакина победи во три сета и го освои својот прв трофеј на овој турнир. Поразот имаше уште една последица за Сабаленка. Со оваа победа, Рибакина го презеде првото место на ВТА-листата, ставајќи крај на 99-неделното владеење на Сабаленка на врвот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“

Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси.

Хари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“

Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси, како и за факторите што му овозможуваат да напредува и покрај годините.

Иако зад себе ја има сезоната од соништата во која постигна 73 гола на 65 натпревари, Кејн останува скромен кога станува збор за индивидуалните признанија.

„Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Можам само да кажам дека минатата сезона беше неверојатна, како на личен план, така и за тимот. Тоа несомнено беше најдобрата сезона во мојот живот. Фактот е дека 73 гола – втор најголем број во историјата – зборуваат сами за себе. Исклучително сум горд на тоа, но ’Златната топка‘ не зависи од мене; таа зависи од луѓето што гласаат“, изјави англискиот напаѓач, додавајќи дека евентуална церемонија за доделување на наградата во неговиот роден Лондон би имала посебно значење.

Кога станува збор за европската елита, Кејн отворено призна дека трофејот во Лигата на шампионите претставува најголем преостанат предизвик за Баварците по болната елиминација минатата сезона.

„Минатата сезона беше навистина добра за нас. Завршивме како втори во лигашката фаза и одигравме одлични натпревари против Аталанта, Реал Мадрид и ПСЖ. Бевме многу блиску; имаме самодоверба и вистински тренер. Се работи за тоа да се направи тој последен чекор“, изјави Кејн, кој во елитното натпреварување ќе се соочи со Атлетико Мадрид токму на стадионот каде што го загуби финалето со Тотенхем.

Зборувајќи за својата форма и физичка подготвеност во најдобрите играчки години, тој особено ја истакна соработката со спортскиот лекар Алехандро Елоријага – со кого соработува веќе шест и пол години – посочувајќи го како клучен фактор за одржување на неговите настапи на највисоко ниво.

Кејн со голема почит се наврати на периодот кога соработуваше со португалскиот тренер Жозе Мурињо во Тотенхем, истакнувајќи дека Мурињо му давал целосна слобода на теренот и совршено го разбирал секој детал од играта.

Тој исто така се осврна на можноста да ја освои својата трета „Златна копачка“ – успех со кој би им се придружил на Лионел Меси и Кристијано Роналдо – и се присети на емотивната средба со Аргентинецот по елиминацијата од Светското првенство.

„Меси и Роналдо доминираа во фудбалот цела една генерација. Да се ​​биде дел од тој разговор е нешто посебно. Чувствувам огромна почит кон Меси; тој е неверојатен играч и многу скромен човек кој секогаш го ставаше тимот пред себе“, изјави Англичанецот.

На крајот, напаѓачот истакна дека најважниот столб на неговата кариера е семејната стабилност што ја има со сопругата, родителите и најблиските, нагласувајќи дека среќата надвор од теренот директно се одразува на неговите настапи за Баерн и за националниот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор.

Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата.

Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места.

Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер