Слики од книгата „Секс“ на Мадона одат на наддавање - Канал 5

Слики од книгата „Секс“ на Мадона одат на наддавање

 Слики од популарната книга „Секс“ на американската пејачка Мадона оваа есен првпат ќе бидат понудени во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, како дел од прославата на 30-годишнината од објавувањето на контроверзното дело.

Слики од книгата „Секс“ на Мадона одат на наддавање

- И 30 години подоцна, „Сексот“ сè уште е, донекаде, контроверзна книга, но сепак - го поттикнува прифаќањето на телото и сексот... Повеќе од 40 ретки фотографии, потпишани од Мадона и модниот фотограф Стивен Мејзел, кој ги создал сликите, ќе се продаваат за 50.000 до 300.000 долари, изјави Дариус Хајмс, потпретседател на аукциската куќа Кристи.

Книгата беше продадена во повеќе од 1,5 милиони примероци, содржи фотографии на Мадона и други луѓе голи или симулираат секс. Ватикан им порача на своите следбеници да ја бојкотираат книгата, која е и забранета во земји како Ирска и Јапонија. Хајмс ги опиша фотографиите како еротски, а игриви.

- Колекцијата доловува миг во времето на еден од најголемите модни фотографи од неговата генерација, и кралица на попот. Иако има разиграност и кич, има и „голи класици“. Мислам дека (фотографиите) одекнуваат низ неколку генерации, рече тој.

Дел од приходите се наменети за непрофитната организација „Рајзинг Малави“, којашто во 2006 година ја основа Мадона, за да им помогне на сирачињата и децата од ранливите категории во африканската земја Малави.

Сликите што ќе се најдат на наддавањето во октомври ги избраа Мадона, Мејзел и Ентони Вакарело - креативен директор на модната куќа „Сен Лоран“, којашто лани во Мајами, САД, објави ограничено, второ издание на „Секс“.Сите 800 примероци од второто издание на книгата потпишани од пејачката, се распродадени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија.

Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка.

Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).

На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.

Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.

Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер