Слики на Ван Гог сместени во часовник од над 173.000 евра - Канал 5

Слики на Ван Гог сместени во часовник од над 173.000 евра

Британскиот уметник Дејвид Линдон ја создаде првата „подвижна уметничка галерија во светот“ - рачен часовник којшто содржи три минијатури од можеби најпознатите дела на холандскиот сликар Винсент ван Гог.

Слики на Ван Гог сместени во часовник од над 173.000 евра

Станува збор за сликите „Ѕвездена ноќ“, „Сончогледи“ и „Автопортретот“, чија големина е околу 0,5 милиметри, поради што тие не се видливи со голо око, туку само под микроскоп. На Линдон му биле потребни два месеци да ги стави двете слики во часовникот. И, сега тој се продава за 173.530 евра. Британецот, имено, добил налог да ја пресоздаде трилогијата на Ван Гог во чест на 50-годишнината на Музејот на Ван Гог во Амстердам, што се одбележува овој месец.

„Голем предизвик е да ги контролираш рацете и дишењето и да направиш нешто од речиси ништо. Само кога ќе ја погледнете низ микроскоп, може да ја цените магијата на ситниците“, напиша Линдон на својот блог.

Тој работел само ноќе за да ја избегне сообраќајната бучава и други звуци однадвор што би го вознемирувале... И да работи во апсолутна тишина.

„Морав да го забавам дишењето, па да ги стабилизирам рацете и да го одржам пулсот што е можно понизок. Промената на отчукувањата на срцето може да уништи неколкумесечна работа. Моите раце малку се движат со секое отчукување на срцето, па работам во ритам меѓу секое отчукување", појасни уметникот.

Од 2019 година, Линдон се има посветено на техничките предизвици на микроскопската уметност. Тој користи модифицирана опрема којашто му одговара на неговиот стил, а тоа му помага да ги усоврши своите дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер